Најдобри печатачи за печатење фотографии

Од мали до големи, за сечиј буџет, ова се најдобрите печатачи за печатење висококвалитетни фотографии во домот и во движење.
Раце држат дете кое поставува врамена отпечатена фотографија на ѕид.

Фотографиите имаат моќ да ги доловат моментите во времето и да ги претворат во скапоцени спомени. Но, таа моќ се губи кога ќе останат зачувани во длабочините на тврдите дискови или меѓу страниците на социјалните мрежи.

Печатењето на вашите омилени фотографии ги претвора во физички предмети што може да се врамуваат и изложуваат низ домот, да се подаруваат, да се вметнуваат во колажи или фотоалбуми, па дури и да се печатат како налепници за да ги персонализирате вашите предмети.

Достапна е широка палета на печатачи што ви овозможуваат да ги печатите вашите фотографии, кога сакате и каде сакате – од компактни печатачи што може да ги понесете со себе на излети, одмори и специјални настани, до модели за голем формат за печатење големи фотографии за врамување и закачување на ѕид.

Споредба на печатач за фотографии и обичен печатач

Како да го изберете најдобриот печатач за печатење фотографии во домот? Прво, важно е да се земе предвид квалитетот на печатењето и издржливоста, резолуцијата на печатење и длабочината на боите, видот и капацитетот на мастило, видот и големината на медиумите кои ги поддржува, како и дополнителни функции со кои ќе се уверите дека вашиот печатач ќе ги задоволи вашите потреби за печатење, како печатење без рабови. Овде подетално ќе разгледаме што нуди палетата на печатачи од Canon.

Најдобри повеќенаменски печатачи за фотографии

Жена држи мобилен телефон на кој е отворена апликацијата Canon PRINT и е прикажана фотографија. Печатачот Canon PIXMA стои на дрвена површина во заднина.

Печатачот Canon PIXMA TS6550i може да отпечати фотографии со или без рабови во различни големини, од 4x6" и квадратни опции, сѐ до A4, директно од вашиот мобилен уред преку апликацијата Canon PRINT. Тој би бил идеален за печатење фотомонтажа или избор на фотографии со различни големини што може да се изложат на ѕид во галерија или да се прикачат заедно на поголема рамка.

Раце што држат свадбени фотографии над други фотографии поставени на маса.

Печатењето на вашите фотографии може да ви помогне да станете подобар фотограф и ви овозможува полесно да утврдите што ви се допаѓа кај сликите, а кои аспекти треба да ги подобрите.

Повеќефункционален печатач е најдобар сѐ-во-едно печатач за фотографии, со што е лесно и едноставно да ги трансформирате дигиталните спомени во прекрасни отпечатени материјали со кои можете да го украсите вашиот дом или да ги споделите со вашите најсакани. Физичката природа на печатењето придонесува сликите да имаат поголема вредност, особено во форма на подарок.

Повеќефункционалниот печатач Canon PIXMA TS6550i е едноставен за користење, со вграден скенер и поврзување преку Wi-Fi со вашиот компјутер или паметен телефон. Компатибилен е со бесплатната апликацијата Canon PRINT и може да печати фотографии во боја без рабови со димензии од 10x15 cm за само 39 секунди, а неговиот компактен дизајн значи дека може да го собере во секој простор во вашиот дом.

Генерално, колку повеќе мастила користи печатачот, толку подобар ќе биде квалитетот на фотографиите. PIXMA TS6550i користи црно мастило базирано на пигмент што овозможува јасно црно-бело печатење текст кој е отпорен на размачкување, како и мастила во цијан, магента и жолта боја за печатење фотографии. Надградена глава за печатење значи побрзо печатење со дополнителни млазници.

Ако сакате уште подобар квалитет на фотографиите, можеби за да го создадете вашиот свадбен албум, серијата Canon PIXMA TS8350a исто така се одликува со црно мастило базирано на пигмент, но и со мастила базирани на бои во црна, цијан, магента, жолта и „сина за фотографии“ боја, од кои сите се достапни во стандардна, XL и XXL опција. Дополнителните мастила го подобруваат квалитетот на отпечатените фотографии и овозможуваат поголем простор на бои или палета, а го подобруваат и опсегот на тонови и овозможуваат задржување повеќе детали во темните сенки и светлите делови од фотографиите. Специјализираната боја „сина за фотографии“ овозможува исклучително рамномерни градации на синото небо во фотографиите со пејзажи.

Серијата PIXMA TS8350a се истакнува при извонредно брзото печатење фотографии. Како и со PIXMA TS6550i, печатењето фотографии без рабови е достапно во разни големини, но овој печатач може да отпечати фотографија без рабови од 100x150 mm за само 17 секунди.

Најдобар печатач за фотографии за печатење од мобилни уреди и изработување колажи од фотографии

Раце држат отпечатена фотографија од бебе врз SELPHY CP1500 од Canon, а фотографијата е опкружена со други отпечатени фотографии.

Компактен печатач како SELPHY CP1500 од Canon би бил идеален за создавање албум во чест на првата година од животот на вашето дете. Почнете со фотографии од бременоста и вклучете фотографии од извршените скенирања или од изводот од книгата на родените за да го доловите целото доживување. Отпечатете ги сликите во повеќе големини и експериментирајте со распоредот и подредувањето.

Рака држи отпечатена фотографија со колаж, други отпечатени материјали и Canon SELPHY QX20 во заднина.

Canon SELPHY QX20 се напојува преку батерија и ви овозможува да печатите фотографии насекаде. Функцијата Wi-Fi Direct го олеснува поврзувањето со паметен телефон, таблет-уред или пренослив фотоапарат, а самолепливата задна страна што може да се одлепува е идеална за печатење фотографии за голем број проекти за рачно изработување или за лепење на секаква површина.

Печатачите што ги опфативме досега се модели за печатење на работна маса што се одликуваат со вграден Wi-Fi, така што ќе може да ги поставите насекаде во домот. Но ако сакате да печатите од поголема далечина, може да ги понесете компактните, мобилни печатачи од Canon со себе насекаде за да печатите директно од вашиот паметен телефон или компатибилен фотоапарат. Тоа е одличен начин да им подарите нешто за спомен на семејството и пријателите, па дури и да создадете сопствени разгледници од вашите патувања што ќе ги испратите дома.

Компактниот Canon SELPHY CP1500 поддржува повеќе типови на хартија, од хартија со големина на поштенска картичка (RP-108 и KP-36IP) до мини налепници (KC-18IL), а меѓу нив се и хартијата со големина на кредитна картичка (KC-36IP и KC-18IF) и хартијата со квадратна форма (KC-18IS). Секое пакување со хартија вклучува картриџ за мастило наполнет со точната количина на мастило. Брзината на печатење е приближно 41 секунда за отпечатена фотографија со големина на поштенска картичка со димензии 100x150 mm.

Canon SELPHY QX20 е самостоен пренослив печатач што се одликува со вградена батерија на полнење и печати квадратни фотографии на малку поголема хартија за налепници од 72x85 mm, со што ви овозможува да пишувате сопствени белешки во долниот дел на отпечатените фотографии. Како и со поголемиот Canon SELPHY CP1500, може да користите различни опции за распоред и да додавате украсни печати, рабови и специјални ефекти преку апликацијата Canon SELPHY Photo Layout.

Уште помал, преносливиот печатач Canon Zoemini 2 е доволно мал за ставање во џеб и претставува добра опција за печатење фотографии од уреди со Android или iOS.

Дознајте повеќе во нашиот водич кој ќе ви помогне да бидете креативни со компактните печатачи за фотографии.

Најдобар печатач за фотографии за големи проекти

Печатач PIXMA од Canon опкружен со разнобојни отпечатени фотографии, од кои едната е во фахот на печатачот.

PIXMA G640 од Canon се одликува со шест резервоари за мастило во цијан, магента, жолта, црвена, црна и сива боја, а нуди и широк простор на бои и опсег на тонови, како и подобрено печатење црно-бели фотографии.

Ставање шишиња со мастило MegaTank во печатач Canon PIXMA.

Резервоарите MegaTank со голем капацитет со кои се одликува PIXMA G640 имаат проѕирна предна страна, со што полесно може да ги следите нивоата на мастилата.

Ако работите на долгорочен проект за кој се потребни многу отпечатени фотографии, особено со поголеми димензии, потребата за редовна замена на картриџите за мастило може да ви изгледа напорно. Печатачите MegaTank од Canon се одликуваат со резервоари за мастило со релативно голем капацитет, со што се изоставуваат картриџите.

Canon PIXMA G640 е особено силен кандидат што испорачува извонреден квалитет на фотографиите благодарение на шест мастила базирани на боја. Секое шише за мастило со ниска цена е доволно за печатење до 3.800 фотографии во боја со димензии од 100x150 mm, а печатењето без рабови е поддржано до целосна големина на A4/писмо. Дополнувањето на резервоарите е едноставно и практично.

Како и другите печатачи PIXMA што ги спомнавме, G640 исто така се одликува со вграден Wi-Fi и поддржува скенирање и печатење засновано на Cloud, а вградениот скенер со висока резолуција го олеснува скенирањето и копирањето на фотографиите.

Најдобар печатач за печатење фотографии со професионален квалитет

Жена стои до печатач PIXMA од Canon, поставен на биро до компјутерски монитор. На ѕидот во заднината се поставени отпечатени врамени фотографии.

Како специјализиран печатач за фотографии со мастило базирано на бои, PIXMA PRO-200 од Canon е ненадминат за печатење во боја и црно-бело печатење со професионален квалитет. Печатачот е идеален за сјајна фотохартија и фотохартија со текстура, но нуди и прекрасни фотографии отпечатени на мат фотохартија и медиуми за фина уметност.

Ако сакате да го усовршите вашето печатење фотографии, Canon PIXMA PRO-200s испорачува печатење без рабови во A3+ (329x483 mm) за само 90 секунди, со што претставува еден од најдобрите печатачи за фотографи и уметници. Тој нуди и печатење панорамски фотографии со должина до 990 mm, со што може да добиете поширока слика, што е идеално за фотографирање пејзажи.

PIXMA PRO-200s користи осум поединечни картриџи за мастило базирани на боја, а мастилата се создадени на начин што овозможува печатење фотографии со професионален квалитет. Затоа, тој е совршениот печатач и за најпребирливите фотографи кои бараат врвен квалитет и поголеми димензии на фотографиите.

Печатачот се одликува со повеќе влезни фахови што овозможуваат компатибилност со медиуми за фина уметност со релативно голема дебелина, како и со стандардни фотохартии, така што ќе може да експериментирате со изгледот и впечатокот од вашите отпечатени фотографии. Во тоа ќе ви помогне бесплатниот софтвер Professional Print & Layout од Canon, кој го поедноставува дизајнот на страниците со повеќе слики и ви нуди едноставни опции за приспособување на приказот на боите, светлината и контрастот.

Како да направите добрите фотографии да изгледаат одлично

Рака врамува свадбена фотографија на дрвена површина.

Canon нуди палета од различни видови хартии за печатење, а секоја од нив би можела да додаде нешто поинакво во вашата конечна отпечатена фотографија. За свадбените фотографии, мат завршната обработка како што е мат фотохартијата може да биде најдоброто решение за дискретен третман на боите или за црно-бели фотографии со романтичен изглед.

Фотографија пред и потоа од пар на денот на нивната венчавка покрај езеро, на левата страна е темната и необработена верзија, а на десната страна е посветлата верзија, обработена во Digital Photo Professional.

Корисно е да знаете да ги уредувате вашите фотографии за да може да ги поправате грешките, да ги подобрите композициите и да ги приспособите поставките. Дознајте како да ги обработувате сликите со софтвер како Digital Photo Professional во нашиот водич со едноставни совети за уредување фотографии.

За да добиете долготрајни отпечатени фотографии со врвен квалитет, изборот на хартија е подеднакво важен како мастилото. Големиот број различни профили во драјверите за печатачи од Canon овозможува процесот да биде детално приспособен за да се добие најголема точност во поглед на бојата, светлината и контрастот, а отпечатените материјали да бидат многу отпорни на размачкување или избледување со текот на времето.

Сјајната хартија е особено добра за печатење живописни и впечатливи фотографии во боја. Нерефлективната мат хартија може да биде подобар избор за печатење драматични црно-бели фотографии, како и за подискретен третман на боите, на пример во портретите и свадбените фотографии.

Може да изберете од широката палета на фотохартии од Canon, меѓу кои и економичната сјајна фотохартија за „секојдневна употреба“, подебелата и полуксузна фотохартија Plus Glossy II, полусјајната фотохартија Plus Semi-Gloss со луксузна сатенска завршна обработка, како и мат фотохартијата која е одлична не само за печатење мат фотографии, туку и за разгледници и проекти со модели од хартија. Сите овие фотохартии се достапни во голем избор на големини. Добра идеја е да тестирате неколку различни фотохартии за да видите која ја претпочитате.

Палетата на печатачи и хартии од Canon им овозможува на фотографите да бидат сигурни дека фотографиите што ќе ги отпечатат соодветно ќе ги доловат нивните слики, без разлика како или каде планираат да ги изложат. Од преносливите модели што го прават забавно печатењето со семејството и пријателите во специјалните прилики, до печатачите за на работна маса што се подеднакво погодни за печатење документи и фотографии, до печатачи MegaTank што се практични и исплатливи за поголеми проекти. На уникатен начин, печатачот Canon PIXMA PRO-200s нуди печатење во големи формати со професионален квалитет по релативно достапна цена.

Matthew Richards

Слични производи

  • PIXMA TS6550i

    За домови на кои им е потребен брз и квалитетен безжичен печатач со дизајн што заштедува простор и беспрекорно поврзување со паметни телефони.
  • PIXMA TS8350a (црна боја)

    Бидете креативни со различни медиуми и добијте побогати и поживописни отпечатени фотографии благодарение на технологијата FINE и 6-те посебни мастила.
  • PIXMA G640

    PIXMA G640, односно првиот повеќефункционален печатач во палетата PIXMA G којшто содржи шест резервоари за мастило базирано на боја коешто може да се дополнува, претставува спој на печатење со ненадминат квалитет на ниво на фотографија, голем обем и ниски трошоци за печатење.
  • PIXMA PRO-200S

    Фокусиран на печатење фотографии со живописни бои, разновидни опции и практично користење, PIXMA PRO-200S е идеален избор за ентузијастите за фотографирање и надежните фотографи.

    SELPHY CP1500 [Бела]

    Печатете материјали со извонредни бои и голема издржливост за само неколку секунди со овој практичен и компактен печатач за фотографии.

    SELPHY QX20 [Темно-сива]

    Бидете креативни со неповторливите моменти во животот со прекрасни материјали отпечатени во движење со две големини од вашиот паметен уред

Слични статии

Како да уредувате битни фотографии

Подобрете ги вашите фотографии од посебни прилики со овие едноставни совети за уредување фотографии.

Најдобрите печатачи за дизајнери

Печатачите се основни алатки за дизајнерите - ние ќе ви помогнеме да го изберете вистинскиот модел за вашите потреби.

Најдобрите печатачи за студенти

На секој студент му треба печатач - дознајте кои се најдобрите опции со пристапна цена што одговараат на вашите потреби.

Често поставувани прашања за печатачи, мастила и хартија

Експертот Suhaib Hussain од Canon одговара на често поставуваните прашања околу технологијата на печатачите, мастилата и хартијата.