Како да снимите креативни фотографии од забави

Лесни совети и техники за неверојатни фотографии од забави и настани.
Група пријатели позираат со прскалки, се смеат завртени кон фотоапаратот, а нивните лица се осветлени од прскалките. © AdobeStock

Една од најдобрите работи за празничната сезона се забавите и настаните на кои се собираат пријателите или семејството за да се забавуваат, танцуваат, релаксираат и разговараат. Ако креативно ги фоторафирате славеничките насмевки, блескавите светла и неверојатното танцување, ќе создадете спомени што ќе ги цените засекогаш.

Со овие корисни совети и техники, не само што ќе добиете одлични снимки што сите ќе ги засакаат и ќе ги споделат, туку и ќе добиете слики од вашите специјални моменти во најдобро светло што можете да ги отпечатите и чувате.

1. Изберете ги најдобрите поставки на фотоапаратот за фотографирање забави

Семејство е собрано околу торта за 65-ти роденден во слабо осветлена соба, снимено со Canon EOS R100 и објектив Canon RF 16mm F2.8 STM.

Ако сакате да снимате групни портрети при слаба светлина, изберете помала брзина на блендата за да го изложите сензорот на фотоапаратот подолг период на светлина - иако со тоа се зголемува ризикот од заматување на движењата ако го поместите фотоапаратот или ако се помести субјектот. За да ја задржите острината на фотографиите, треба да ја зголемите вредноста на ISO за да може да користите поголема брзина на блендата. Снимено со EOS R100 од Canon и објектив RF 16mm F2.8 STM од Canon со избрани 1/60 сек., f/3,5 и ISO 1600.

Без оглед на тоа дали сте надвор или во затворена просторија, на забава често има субјекти во движење, поради што е важно да се уверите дека вашиот фотоапарат е поставен на најдобрите поставки за фотографирање забави.

За да ги доловите брзите движења на подиум без блиц, мора да се уверите дека брзината на блендата е доволно голема. Режимот на приоритет на бленда (Tv) ви овозможува да ја наведете брзината на блендата, а фотоапаратот ја избира решетката и вредноста на ISO за слика со точна експозиција. Минимална брзина на блендата од околу 1/160 или 1/250 сек. е најдобра за движење, но побрзите движења може да значат дека ќе ви треба брзина од 1/1000 сек. Ако сте во рачен режим (M), уверете се дека решетката е релативно широко отворена (мал f-број) за да ја компензирате побрзата бленда. Започнете со автоматски вредности на ISO, но ако сликата е премногу темна, поставете умерена или висока вредност на ISO, како што е ISO 3200 или ISO 6400.

Ако забавата е собир со седење, режимот на приоритет на решетка (Av) ви овозможува да изберете длабочина на поле. Во помирни опкружувања, можете да ги процените вашите поставки на фотоапаратот врз основа на достапната светлина. На пример, брзина на блендата од 1/80 сек. би требало да биде соодветна за портрети со бавно движење или за групни фотографии - ќе овозможи повеќе светлина да допре до сензорот, што ви дава слобода за приспособување на вредностите за решетката и за ISO. Ако ви треба поголема брзина на блендата за да замрзнете некое движење, зголемете ја вредноста на ISO или користете помала вредност на f.

2. Обидете се со неочекувано фотографирање

Четворица луѓе на забава танцуваат слободно, косите им се лелеат додека се движат, а низ чад, зад нив се гледа DJ.

Подолг објектив ви овозможува да доловите неочекувани снимки од вашите пријатели на подиумот. Широка решетка значи дека не ви треба блиц, дури и кога фотографирате во затворена просторија. Фотографирано со Canon EOS 5D Mark III со избрани 1/160 сек. и f/1,4. © AdobeStock

Сликите со позирање си имаат свое место, но ако сакате да доловувате природни изрази на радост на забава, неочекуваното снимање е вистинскиот избор.

Објектив со зум, како Canon RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM, ќе ви помогне да опфатите подалечни објекти во кадарот и ќе ви овозможи да фотографирате без да биде премногу очигледно дека фотоапаратот ви е насочен кон некој човек конкретно. Овој објектив има и стабилизација на слика со 4 чекори, што ќе ви помогне да го елиминирате заматувањето од вашите снимки кога фотографирате рачно.

Наместо да го користите блицот на фотоапаратот кога фотографирате неочекувано, подобро е да користите широка решетка и умерена до висока вредност на ISO за субјектите да останат остри и фокусирани. На овој начин, блицот нема да ги вознемири вашите субјекти и ќе биде задржано природно чувство. Од истата причина, треба да го исклучите светлото за помош при AF на фотоапаратот.

3. Дознајте како да доловите заматување во преден план и заднина

Слика одблиску од запалени свеќички на торта, пламенчињата се заматени, а во заднина има големи и кружни ефекти на дефокусирање.

Објектив со широка максимална решетка, како Canon RF 45mm F1.2 STM или RF 50mm F1.8 STM, може да ја претвори заднината во прекрасно и кремасто заматување. Снимено со Canon EOS R6 и објектив Canon RF 50mm F1.8 STM со избрани 1/40 сек., f/1,8 и ISO 100.

Слабо осветлен портрет од жена наспроти заднина од впечатливо бело и сино кружно дефокусирање.

Заматувањето во преден план и заднина е идеално за вашиот субјект да се истакне и за вашите фотографии да изгледаат амбиентално.

Без оглед на тоа дали станува збор за море од блескави светла закачени на елката, или најобична свеќа, празничниот период е полн со убави светла што, со точните поставки, може да се претворат во прекрасни и сјајни глобуси во заднината на вашите слики. Јапонскиот збор „bokeh“ се користи за да се опишат естетските особини на овие дефокусирани светли тонови.

Ефектот најлесно се постигнува кога најшироката решетка е поставена на објективот. Ова резултира со многу мала длабочина на полето, што ви овозможува да бидете многу селективни со фокусирањето, за вашиот субјект да се истакнува наспроти заматена заднина. Идеален објектив за оваа техника е Canon RF 45mm F1.2 STM, кој има извонредно широка максимална бленда f/1,2, како и објективот Canon RF 50mm F1.8 STM. Но, пријатни заматени светли тонови може да добиете и со користење на помали решетки, како f/5.6. Засилете го ефектот со зголемување на растојанието помеѓу објектот и заднината или со приближување до вашиот објект.

4. Намалете ја брзината на блендата за да произведете заматено движење

Намерно заматена снимка од тапанар додека свири.

Еден од начините за прилагодување на целосната експозиција на сликата е менување на брзината на блендата на вашиот фотоапарат. Промените можат да се искористат и на креативен начин, овозможувајќи ви да го контролирате нивото (или отсуството) на заматување на движења во вашите слики.

Иако поголемите брзини на блендата ќе ви овозможат да снимите остри фотографии од објектите во движење, алтернативен пристап е да користите многу помала брзина на блендата за да создадете движење во сцената со статични објекти.

Поставете брзина на блендата од приближно 1/10 сек. или 1/20 сек., доколку фотографирате рачно и проверете дали статичниот (или релативно статичниот) субјект јасно се гледа во сцената. Корисно е ако вашиот објектив има вградена оптичка стабилизација на слика (IS), како Canon RF 35mm F1.8 MACRO IS STM, бидејќи ова ќе ја одржи острината на вашите слики при помали брзини на блендата. Некои фотоапарати, како што се Canon EOS R7 и EOS R6 Mark II имаат вградена стабилизација на слика (IBIS). Ова физички го поместува сензорот на фотоапаратот за да компензирате за какво било движење кога не фотографирате од фиксна положба (како со статив). Овој тип стабилизација на слика ќе функционира со секој објектив.

Доколку користите статив, ќе можете да користите многу помали брзини на блендата за да го постигнете овој ефект. Активирајте ја блендата со користење на жично или безжично далечинско активирање, апликацијата Canon Camera Connect или на режимот за тајмер за снимател.

5. Доловувајте траги од светлина на подиумот за танцување

Млада жена на забава ги фрла рацете зад себе среде разнобојни траги од светлина.

Комбинирањето на блицот со долгата експозиција може да ги претвори обичните сцени во волшебни слики. © Tetra Images/Getty Images

За да создадете ленти од разнобојна светлина кои ќе го изразат духот на забавата, а притоа субјектот да биде остар, обидете се да го движите фотоапаратот при долга експозиција и активирајте го блицот. Со контрола на интервалите во кои фотоапаратот ќе го активира блицот за време на долгата експозиција, може да постигнете различни ефекти.

Поставете мала брзина на блендата од приближно една секунда и изберете помеѓу режимот за синхронизација со прва завеса или со втора завеса во менито со опции за блицот на фотоапаратот. Синхронизацијата со прва завеса е зададениот режим кај повеќето фотоапарати. Тој го активира блицот на почетокот од експозицијата, па затоа сите заматени движења се прикажуваат пред субјектот. Синхронизацијата со втората завеса го активира блицот на крајот, па затоа трагите од светлина ќе се појават зад субјектот, што резултира со поприроден и динамички ефект.

При користење на синхронизацијата со втората завеса, тешко може да се предвиди каде точно ќе биде вашиот субјект кога ќе се активира блицот, па затоа треба да вежбате неколку пати за да го погодите моментот.

6. Фокусирајте ги помалите детали

Колекција џамлии снимени одблиску со објективот Canon RF 24mm F1.8 MACRO IS STM.

Различните детали од настаните се одлични субјекти за снимање интересни фотографии. Користете широкоаголен објектив со мало фокусно растојание, како што е Canon RF 24mm F1.8 MACRO IS STM, ако сакате да доловите повеќе од заднината во вашиот кадар. Снимено со Canon EOS R6 (сега е заменет со новиот Canon EOS R6 Mark III) и објектив Canon RF 24mm F1.8 MACRO IS STM, со избрани 1/10 сек., f/4 и ISO 100.

Храна снимена од горна страна, на сликата се гледа француска пита, праски, грозје, круши, парчиња леб и хумус, снимени со објективот Canon RF 45mm F1.2 STM.

За фотографирање аранжмани на маси и храна, изберете комбинација од повисока f-вредност и широкоаголен објектив за да фокусирате повеќе детали. Снимено со Canon EOS R6 Mark III и објектив Canon RF 45mm F1.2 STM, со избрани 1/100 сек., f/8 и ISO 100.

Не заборавајте дека фотографиите од забави не мора секогаш да бидат исполнети со луѓе. Фокусирањето на помалите детали може ефективно да ја долови приликата, а и расположението.

Ако не можете доволно да се приближите до субјектот со објективот што го користите, размислете за објектив со макро способности, како што е Canon RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM (во режим MF) или Canon RF 85mm F2 MACRO IS STM. Инаку, релативно широките објективи, како што се Canon RF 35mm f/1.8 MACRO IS STM или Canon RF 35mm F1.8 MACRO IS STM, ќе ви овозможат да се доближите, а воедно и да доловите поголем дел од опкружувањето за да дадете контекст. Ако вашата цел е да го изолирате субјектот наспроти мека и заматена заднина, тогаш користете објектив со мало фокусно растојание и широка максимална решетка, како што е Canon RF 45mm F1.2 STM.

7. Снимете повеќе експозиции

Некои фотоапарати со EOS R-систем како што се Canon EOS R10 и Canon EOS R8, нудат режим за повеќе експозиции. Ова снима повеќе фотографии и ги преклопува за уметнички ефект. Бидејќи сето ова се одвива во фотоапаратот, нема потреба од софтвер за уредување.

Има четири режими за повеќе експозиции кои можете да ги изберете врз основа на вашето осветлување и крајниот резултат што го сакате, иако можете да изберете да фотографирате со „Просечна“ контрола на експозиција, за фотоапаратот да ја пресмета точната конечна експозиција во ваше име. Можете да изберете и да фотографирате само две експозиции или да наслојувате повеќе различни снимки за неверојатно надреален резултат.

8. Експериментирајте со перспективата

Група луѓе што одат на забава се навалуваат нанапред за заедно да држат прскалки. Фотографијата е снимена на висина на прскалките и гледа нагоре кон лицата на луѓето.

Приближување до субјектите во преден план, како украси или прскалки, ви овозможува да создадете заматување на заднината. © AdobeStock

Направете ги вашите фотографии од забави поинтересни визуелно со тоа што ќе користите перспектива на креативен начин. Ова може да биде многу едноставно, почнувајќи од движење на фотоапаратот пониско или повисоко, но не плашете се од екстремна вертикалност и снимајте нагоре од подот, или надолу од таванот за птичја перспектива. Фотографирањето од високи или ниски агли е лесно кога користите фотоапарат како што е Canon EOS R50, којшто се одликува со екран со променлив агол кој може целосно да се заврти. Одличен е и за забавни автопортрети.

Различно обликувајте ги кадрите со врати, прозорци или балустради на скали и побарајте сјајни површини или вода за да ги доловите одразите на забавата, или за да се вметнете себеси во снимката на креативен начин.

Материјали што ја менуваат светлината може да ја променат естетиката на вашите слики - фотографирајте низ проѕирни течности, како пијалаци, за да доловите прекршена светлина, којашто ги изобличува големината и пропорциите. Фотографирање низ матирано стакло или стакло со текстура може да создаде впечатлив заматен ефект.

Играјте си со овие техники, забавувајте се и не грижете се ако не успее - експериментирањето е најважно.

Напишано од Matt Golowczynski и Peter Wolinski

Слични производи

  • EOS R10

    Преземете ги следните чекори во фотографирањето и снимањето со фотоапаратот без огледало EOS R што е дизајниран со сензор со големина APS-C.
  • EOS R7

    Истражете ја дивината со фотоапарат што нуди неверојатна брзина и квалитет на слика во преносливо APS-C-куќиште дизајнирано за иднината.
  • EOS R8

    Преминете на фотографии и видеозаписи во формат за целосна слика и остварете ги вашите креативни амбиции.

    EOS R6 Mark III

    Доловете ги дејствата со оптимална рамнотежа на резолуција, брзина и практичност - идеален за диви животни, спорт и портрети.
  • RF 24mm F1.8 MACRO IS STM

    Компактен и лесен примарен објектив од 24 mm што е идеален за фотографирање пејзажи, снимање видеоблогови и ентериери, но и за снимање одлични макро слики.

    RF 45mm F1.2 STM

    Лесен примарен стандарден објектив со извонредно брза решетка f/1,2, кој нуди лесен пристап до напредни техники и креативни слики.
  • RF 50mm F1.8 STM

    Компактен, тивок и лесен примарен RF-објектив од 50 mm, со широка решетка од f/1,8, што е совршен за реализирање на вашата креативна замисла.
  • RF 85mm F2 MACRO IS STM

    Објективот RF 85mm F2 MACRO IS STM нуди разновидни опции за фотографирање одблиску со дискретна телефото компресија и стабилизација на слика со 5 чекори, вградени во компактно и лесно куќиште.
  • RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM

    APS-C-објектив од серијата EOS R со опсег на зумирање од широк агол до телефото што е совршен за фотографирање патувања, диви животни, спорт и животен стил.

Слични статии

10 совети за фотографирање огномети

Опрема, техники и композиција - најдобри совети за фотографирање огномети.

Совети за фотографирање портрети

Подобрете го вашето фотографирање портрети со овие врвни совети и техники.

7 совети за фотографирање при слаба осветленост

Дознајте важни техники за снимање остри фотографии при слаба осветленост и дознајте која е најдобрата опрема од Canon за фотографирање при слаба осветленост.

Како да создадете прекрасно заматување

Следете ги овие совети и трикови за да добиете прекрасно заматување на вашите заднини.