КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

Овековечете ја приказната на вашето семејство благодарение на печатењето

Печатењето фотографии од вашите драгоцени семејни спомени може да ви помогне подобро да ги запомните - но зошто да запрете тука? Одете уште подалеку со нашите пет креативни совети!
Три мали деца седат заедно на кревет и гледаат отпечатени семејни фотографии.

Денес, снимањето семејни фотографии е речиси прелесно. Паметните телефони и други уреди се наши постојани сопатници и ја овековечуваат секоја секунда од животите на нашите деца. Меѓутоа, овие слики наскоро потонуваат во длабочините на дигиталната меморија на телефоните и ретко кога повторно ќе бидат видени. Но, сепак постојат начини да ги задржите драгоцените спомени блиску до вас.

Leti е зафатена мајка на четири деца од едногодишна до осумгодишна возраст. Иако е страстен инфлуенсер на Instagram, таа отсекогаш била голем обожавател на отпечатените фотографии. „Порано носевме ролни филм во студијата и нетрпеливо чекавме да ги добиеме отпечатените фотографии. Сега, кога сè е на Cloud или во телефоните, повеќе го немаме тоа - фотографиите се таму, но всушност никогаш не ги гледаме.“

Вооружени со печатачи SELPHY Square QX10 од Canon и SELPHY CP1300 од Canon, како и со фотоапарат EOS 250D од Canon, Leti, нејзиниот сопруг Zac и нивните деца пронајдоа безброј начини да ги раскажуваат своите приказни и повторно да уживаат во радоста од печатењето, а овде тие ги споделуваат своите креации.

1. Останете во контакт со персонализирани картички

Жена на маса лепи семејна фотографија врз картичка.

Leti печати семејни фотографии со SELPHY CP1300 од Canon и ги користи за да изработи честитки што ќе ги прати на членовите од семејството и пријателите. Тоа дефинитивно ги прави уникатни.

Жена ја држи својата ќеркичка во скут и ѝ помага да вметне картичка во плик.

Создавањето картички со самолепливи отпечатени материјали од SELPHY Square QX10 од Canon е навистина едноставна активност во која може да учествува целото семејство.

Испраќањето домашно изработени картички е одличен начин да го одржите контактот со семејството и пријателите, а Leti смета дека вклучувањето фотографии дава чувство како лично „да сте таму“, дури и кога сте физички раздалечени. „Купувам празни честитки, а потоа децата го користат SELPHY CP1300 за да печатат на нив,“ вели таа. „Така тие може да создадат нешто посебно и различно, нешто што раскажува приказна и им зборува на луѓето, без разлика дали тие се баби и дедовци, тетки и чичковци, пријатели или кој и да е.“

Leti планира да го користи печатачот за роденденските покани на нејзините деца, а има и интересна идеја за картичките за благодарност. „Може да ги фотографираме децата како си играат со подароците што им биле подарени и да ги користиме како персонализирани картички за благодарност,“ вели таа. Leti има големо семејство кое живее далеку, така што редовното создавање картички со фотографии навистина прави сите да се чувствуваат зближено.

2. Следете го растењето на вашето семејство

Маж ѝ помага на својата ќерка да закачи фотографија на табела за висина во форма на издолжена жаба.

Самолепливите фотографии со SELPHY Square QX10 се идеални за закачување на табели за висина. Тоа е забавен начин помладите членови на семејството да го следат своето извишување.

Две мали деца седат во кревет со SELPHY Square QX10 од Canon, EOS 250D од Canon. Со нив е нивната мајка, која држи телефон на кој е отворена апликацијата SELPHY Photo Layout.

Лесно е да се навратите на сликите од претходните години, а потоа директно да ги отпечатите со помош на SELPHY Square QX10, користејќи ја апликацијата SELPHY Photo Layout.

Децата на Leti многу сакаат да гледаат колку пораснале и отсекогаш им се допаѓало нивната височина да биде забележана на ѕидот. Leti го однесе ова на ново ниво со помош на фотографиите. „Купив нова табела за висина и ја поставив на ѕидот. Кога и да посакаат, децата може да се фотографираат и да ги печатат фотографиите со SELPHY Square QX10. Можеме и да се навратиме во минатото со помош на функцијата за спомени на мојот мобилен телефон, а апликацијата SELPHY Photo Layout на децата им го олеснува избирањето и печатењето на сликите.

Може да отпечатите и да создадете ваша сопствена табела за растење со разни дизајни во Creative Park од Canon.

„Многу го сакаат печатачот QX10 бидејќи е толку едноставен за користење. Доволно е мал за да може да го држат во рачињата и беспрекорно се поврзува со телефоните и другите уреди преку Wi-Fi. Одлично е и што има своја батерија на полнење затоа што може да го користат каде сакаат, без да мора да го приклучуваат во штекер.“

Печатачот печати квадратни фотографии и остава доволно простор да напишете нешто на работ. Тоа е идеално за да го запишете датумот кога фотографијата била направена, како и висината. Може и да ја одлепите задната страна и да ја користите самолепливата површина која е совршена за лепење на фотографиите на табелата за висина.

3. Декорирајте го домот со отпечатени материјали

Два врамени портрети на ниска полица покрај слика од јагода, играчка во боите на виножитото и SELPHY CP1300 од Canon.

SELPHY CP1300 испорачува висококвалитетни отпечатени фотографии со димензии од 6x4 инчи. Тој може да печати и ленти со фотографии со различни опции за распоред, па дури и голем број налепници. Рамките за фотографии со големина 6x4 инчи лесно се наоѓаат, така што може лесно да создавате готови уметнички дела што ќе може да ги изложите во домот или да ги испраќате на семејството и пријателите.

Бледо розов печатач SELPHY CP1300 на бела дрвена површина печати слика, опкружен со семејни фотографии, од кои некои врамени, фотоапарат EOS 250D од Canon и розови цветови.

Освен што било забавна активност за целото семејство, Leti вели дека запознавањето на помладата генерација со печатењето било возбудливо. „Печатењето на нивните фотографии беше голема работа за децата.“

Leti верува дека фотографиите треба да ја видат светлоста на денот, а не да останат затрупани во електронските уреди. SELPHY CP1300 печати стандардни фотографии со големина од 6x4 инчи за само 47 секунди. Тој може да печати и листови со мини налепници во разни големини, со што ќе ви ги зголеми креативните опции. Како и со SELPHY Square QX10, може директно да печатите од паметните уреди преку Wi-Fi, но CP1300 се одликува и со отвор за мемориска картичка и приклучок PictBridge, што е одлично за печатење фотографии снимени со фотоапарат како EOS 250D од Canon.

SELPHY CP1300 се одликува со екран во боја со можност за закосување што овозможува интуитивно ракување, како и со изборно достапна батерија која овозможува печатење без потреба од кабли за напојување.

„Бидејќи печатачот печати стандардни фотографии со големина од 6x4 инчи, лесно е да се најде соодветна рамка, а и изборот на рамки е огромен,“ вели Leti. „Многу сакам да врамувам отпечатени фотографии и да ги поставувам низ целата куќа бидејќи сликите едноставно се „таму“. Не мора да вклучувате уред и да ги барате, што може да биде прилично комплициран процес, за кој децата немаат трпение.

„Постарите деца ги обожаваат отпечатените фотографии од нив како бебиња и мали дечиња. Врамените отпечатени фотографии од специјалните моменти се и одлични подароци за нашето семејство и пријателите. На крајот, мислам дека врамените отпечатени фотографии се физички предмет што се издвојува, наместо само уште една дигитална слика што ќе биде загубена на Cloud.“

Може да ги користите фотографиите отпечатени со SELPHY CP1300 и SELPHY Square QX10 и за да ги декорирате детските соби кога очекувате принова, користејќи слики од семејството, а може и да го отпечатите вашиот ултразвук пред да ја додадете првата фотографија од бебето.

4. Раскажете приказна преку фотографиите

Женска рака ја одлепува задната страна од отпечатена фотографија и се подготвува да ја залепи на корицата од албум со колажи.

Самолепливата заднина на материјалите отпечатени со SELPHY Square QX10 го олеснува нивното залепување во колажите - без лепак и без неред.

Родител и дете ја декорираат корицата на албум со колажи со семејни фотографии.

Децата сакаат да се вклучат во процесот на печатење. За повеќе забавни идеи што може да ги додадете во вашите печатени материјали, како наслови, икони и налепници, погледнете во апликацијата SELPHY Photo Layout.

Децата на Leti обожаваат колажи. Семејството има планирано многу кампувања, а сите сакаат да ги фотографираат своите авантури. „Фотоапаратот што го користевме за инстант печатење фотографии секогаш снемуваше хартија. Со нашите телефони или со фотоапарат како EOS 250D од Canon, може да фотографираме колку што сакаме, да фотографираме во моментот, а потоа едноставно да изберете кои слики сакаме да ги отпечатиме.

SELPHY Square QX10 е идеален за правење колажи,“ додава Leti. „Тој печати квадратни материјали од 68x68 mm на поголеми листови хартија со димензии 72x85 mm. Тоа остава простор на кој може да напишете нешто по печатењето. Децата уживаат да им додаваат икони и мали слатки сликички на фотографиите по отпечатувањето. Хартијата има заднина што може да се одлепи за да се открие самолепливата површина. Тоа е одлично бидејќи може да создаваат колажи со едноставно залепување на отпечатените фотографии каде што сакаат, без потреба од селотејп или лепак.“

5. Влезете во кадарот

Двојка се насмевнува во фотоапаратот додека седи на детски кревет во спална на поткровје.

Децата сакаат да имаат фотографии од мама и тато во своите соби, а EOS 250D од Canon е идеален за снимање семејни портрети бидејќи е извонредно компактен, и едноставен за користење, а во исто време нуди и напредни перформанси и одличен квалитет на слика.

Маж ѝ помага на својата ќерка да го фотографира остатокот од семејството со фотоапарат EOS 250D од Canon.

Екранот со променлив агол на EOS 250D го прави создавањето на сликите многу интуитивно, дури и за малите деца, а тој исто така се превртува обратно, што го прави идеален за снимање автопортрети.

Leti смета дека EOS 250D од Canon е совршен за фотографирање на семејниот живот. Со него лесно може да ракуваат и возрасните и децата. Уште подобро, тој совршено се вклопува во целиот процес на создавање, од фотографирањето до печатењето, благодарение на вградените Bluetooth и Wi-Fi. „Децата многу сакаат да бидат на фотографиите, да снимаат автопортрети и да имаат увид во она што го прават. Екранот со променлив агол е одличен за тоа бидејќи се превртува обратно за да може ги обликувате кадрите додека стоите пред фотоапаратот.“

Leti уживаше во разновидноста на фотоапаратите и печатачите што ги користеше за печатење на своите фотографии. „Тие се навистина одлични производи - извонредно практични, компактни и навистина едноставни, но квалитетот е неверојатен. Отпечатените фотографии се навистина живописни и траат засекогаш, а децата може да уживаат во огромен број креативни опции. Тој навистина ни одговара мене и на Zac. Планирам да создадам специјален проект што ќе го споделам со него за нашата свадбена годишнина, во кој ќе ги евидентирам нашите заеднички животи од денот кога се запознавме. Опремата на Canon нуди извонредни можности за креативност. Едноставно ја обожавам.“

Напишано од Matthew Richards

Слични производи

  • Печатачи за во домот

    SELPHY SQUARE QX10

    Чувајте ги вашите специјални спомени како прекрасни отпечатени материјали што може безжично да ги отпечатите каде и да сте.
  • Печатачи за во домот

    SELPHY CP1500

    Печатете материјали со извонредни бои и голема издржливост за само неколку секунди со овој практичен и компактен печатач за фотографии.
  • DSLR-фотоапарати

    EOS 250D

    Најлесниот DSLR-фотоапарат во светот со подвижен екран1, опремен со Canon Digic 8 и функции за снимање 4K-видео и креативна помош.

Слични статии