PowerShot SX740 HS од Canon и PowerShot ZOOM од Canon се доказ дека големите нешта имаат мали димензии - лесни, со џебна големина и достапни, тие се одличен додаток во опремата на надежните спортски фотографи или на родителите што сакаат да ги овековечат спомените.
За да се долови слободната акција во детски фудбалски натпревар, потребни се брзи рефлекси и уште подобар зум, како што поранешниот амбасадор на Canon и професионален спортски фотограф Molly Darlington многу добро знае. Molly почна да фотографира спортови во 2015 година, додека сè уште беше на факултет. Откако заврши факултет, таа продолжи да фотографира фудбалски натпревари од англиското првенство и лига Premier.
Нејзината добра спортска подготовка ѝ овозможи да знае точно кои моменти од фудбалскиот натпревар да ги долови. Опремена со PowerShot SX740 HS од Canon со џебна големина, кој се одликува со моќен оптички зум со 40x во компактното куќиште, како и со фотоапаратот PowerShot ZOOM од Canon во форма на монокулар, таа ги примени своите професионални вештини на теренот на кој се одигра аматерскиот натпревар. Овие два практични фотоапарати исто така се идеални за фотографирање семејни активности на отворено или средби со животни и ќе ве доближат поблиску до случувањата.
Објаснувајќи што обично сака да постигне со своите слики, Molly вели: „Се трудам да ја раскажам приказната на натпреварот, што се случувало во него и да ги прикажам добрите и лошите моменти, така што кога некој ќе ја види таа слика, точно да се потсети на моментот кога била направена.
„Секогаш се трудам да ги доловам моментите за паметење во спортот. Во фудбалските натпревари обично ги фотографирам головите, прославите и важните моменти како давањето црвени картони. Сакам емоции во моите слики, без разлика дали се работи за возбуда, фрустрација или потиштеност и дали доаѓаат од играчите или од публиката.“
Овде Molly објаснува како вие може да го сторите истото со едноставна, компактна опрема.