ФОТОГРАФИРАЊЕ СПОРТ

Подгответе се: врвни совети за фотографирање на движења

Сакате да снимите одлучувачки спортски момент? Ова е сè што треба да знаете за снимање спектакуларни фотографии од движења со вашиот фотоапарат од Canon.
Спортистка во виолетов елек скока преку пречка.

Фотографирањето движења поставува уникатна комбинација на предизвици за фотографите и нивната опрема: светот е полн со движења, но како да ги доловите во една слика? За успешно фотографирање движења, мора да разберете некои основни поставки и карактеристики на фотоапаратот, како и ефектот што тие ќе го имаат на вашите слики. Кога ќе ги совладате тие поставки и карактеристики, ќе можете да снимате заматени слики со кои ќе прикажувате движење, или ќе ја „замрзнете“ сликата за да доловите само еден момент. Постојат техники на движења кои може да ги пробате, како што е поместувањето и совети што се особено корисни за некој кој сака да фотографира спортови на вода или да снима видео од движења.

Ова е многу корисно ако фотографирате со брза и лесна опрема. Canon дизајнираше релативно компактна палета на фотоапарати со достапни цени, како и објективи кои нудат одлични резултати при фотографирање движења, вклучувајќи и телефото објективи за почетници што ви овозможуваат да се приближите колку што е можно поблиску до сцената.

Овде ги прикажуваме клучните поставки и карактеристики за фотоапарати што ќе ви требаат за фотографирање движења и споделуваме врвни совети и техники што ќе ви помогнат да создадете неверојатни фотографии.

Почнете со режимот за спорт

Ако сте почетник во фотографирањето движења, може да почнете со режимот за спорт што го има во повеќето фотоапарати на Canon од основна и средна класа. Тој ќе го конфигурира фотоапаратот со континуиран автоматски фокус Servo за следење движења и големи брзини на блендата за замрзнување на движењата, а ќе ви овозможи и да снимите серија фотографии ако го држите притиснато копчето за блендата. Свртете го копчето на вашиот фотоапарат на позицијата за Спорт или побарајте го во менито за режими на сцени.

Задолжителни поставки на фотоапаратот за фотографирање движења

Екранот на EOS 90D од Canon ги прикажува поставките за Tv (вредност за време).

За директна контрола на брзината на блендата, поставете го фотоапаратот во режим за приоритет на блендата (или Tv, што значи вредност за време). Менувањето на брзината на блендата ја прилагодува целокупната експозиција, но и ви овозможува да контролирате колку заматено движење ќе има во вашите фотографии.

Сноубордер скока низ воздухот, до него сонцето се гледа замаглено.

Ако снимате субјекти пред светло небо, обидете се да примените позитивна компензација на експозицијата. На овој начин субјектот добива соодветно ниво на светлина. Фотоапарат без огледало како што е EOS R7 од Canon ви овозможува да го прегледате ефектот во визирот за време на фотографирањето. Снимено со EOS R7 од Canon и објектив RF 14-35mm F4L IS USM од Canon со избрани 14 mm, 1/2000 сек., f/8 и ISO200.

Иако режимот за спорт кај фотоапаратите од Canon е одлична почетна точка за фотографирање движења, се исплаќа да бидете похрабри при учење на нови вештини. Креативната употреба на брзината на блендата, експозицијата и поставките за следење со автоматскиот фокус ќе ви помогне да ги постигнете посакуваните резултати.

Брзина на бленда

Во режимот за приоритет на блендата (Tv) може да ја изберете саканата брзина на блендата и фотоапаратот автоматски ќе ја прилагоди решетката за да добиете правилна експозиција. Можеби ќе ви користи да се префрлите на автоматски ISO за чувствителноста на светлина на фотоапаратот автоматски да се зголеми доколку најшироката решетка на објективот не е доволно брза, за да избегнете фотографии со ниска експозиција (темни слики) и многу големи брзини на блендата. Брзини на блендата поголеми од 1/1000 сек. ќе ви овозможат да ги замрзнете движењата, а малите брзини на блендата од 1/60 сек. или помали можат да го зголемат заматувањето кога се поместувате, но на тоа ќе се навратиме подоцна.

Експозиција

Ако светлината е постојана на сончев ден без облаци или внатре под вештачко осветлување, поставете го вашиот фотоапарат на рачен режим (М). На овој начин ќе можете целосно да ја контролирате брзината на блендата и решетката и ќе можете да добивате правилна експозиција на субјектот. Ако користите еден од автоматските режими кога го фотографирате небото, вашиот апарат ќе ја намали експозицијата на субјектот и ќе добиете силуета. Во тој случај, зголемете ја експозицијата со помош на вртливото копче за компензација на експозицијата.

Екран на EOS R10 од Canon што прикажува автоматски фокус со следење на окото на танчер на фламенко.

Интелигентниот автоматски фокус на фотоапаратите EOS R од Canon може да открива луѓе, животни, птици и возила. На пример, во режимот за луѓе, системот може да открие човечка форма гледана од задната страна. Препознавањето и следењето започнува од телото, потоа се префрла на главата доколку се гледа и на крај преминува на очите. Главите се препознаваат дури и кога спортистите носат очила или кацига.

AF со следење

Фотоапаратите од Canon располагаат со повеќе фокусни точки распределени низ целиот кадар и тие го фокусираат субјектот што е најблиску до вас. За да бидете сигурни во кој дел од кадарот ќе фокусира фотоапаратот, изберете помала група на фокусни точки и потрудете се да бидат позиционирани врз субјектот. Вештачката интелигенција со длабоко учење вградена во новата генерација на системи за автоматски фокус кај најновите фотоапарати без огледала EOS R, како што се EOS R7 и EOS R6, е извонредна за фокусирање и следење животни, птици, луѓе и возила. Не само што автоматски ги препознаваат релевантните облици, туку и фокусираат лица, па дури и очи во моментот кога ќе влезат во кадарот. Користете го режимот AI Servo AF за автоматскиот фокус континуирано да ги следи подвижните субјекти.

Совршено поместување

Возач на мотоцикл вози по патека, навалувајќи се многу настрана.

Избирањето соодветна брзина на блендата за фотографии со поместување може да биде тешко. Кога фотографирате брзи тркачки автомобили или мотоцикли со телефото објектив, почнете со приближно 1/60 сек., прегледајте ги резултатите и прилагодете ја брзината на блендата колку што е потребно за да добиете одлично заматување на движењата во заднина, а притоа главниот субјект да остане остар. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 100-500mm F4.5-7.1L IS USM од Canon со избрани 400 mm, 1/160 сек., f/9 и ISO100. © Richard Walch

Иако големите брзини на блендата се одлични за замрзнување на движењата, тие понекогаш знаат да ја намалат возбудливоста на фотографиите од движења. На пример, ако фотографирате тркачки автомобил со брзина на бленда од 1/2000 сек., ќе изгледа како автомобилот да стои во место. Намалете ја брзината на блендата на приближно 1/60 сек. и поместете го фотоапаратот за да ги заматите движењата и да прикажете вистинско чувство на брзина.

Поместување значи да го поместувате објективот со цел да го следите субјектот кој се движи паралелно од вас. Тоа често се комбинира со помали брзини на блендата, при што субјектот останува остар, а предметите во преден план и во заднина се заматуваат. За да го вежбате ова, користете го визирот и ротирајте од колковите за движењето да остане јасно. Ако вашиот објектив има стабилизација на слика (IS), проверете дали странично на објективот има преклопник за режим за стабилизација на слика и поставете го во режим 2. Ова значи дека објективот ќе го игнорира поместувањето и ќе компензира само за вертикалното движење во однос на правецот на поместувањето.

Користете AI Servo AF и режим за континуирано фотографирање, а притоа држете го копчето на блендата притиснато, за да снимите серија фотографии. За ефективно поместување е потребно трпение и вежбање, но добар совет е да го продолжите поместувањето дури и кога ќе завршите со фотографирањето или снимањето серија фотографии. Ова ви ги зголемува шансите за остро фокусирање на подвижниот субјект.

Како да фотографирате спортови на вода

Кајакар се движи низ брзаци, веслото му е кренато во воздухот од една страна.

Отсекогаш постоел елемент на среќа при доловувањето одлучувачки моменти што траат дел од секундата кога фотографирате движења. Фотоапарати како EOS R6 од Canon и EOS R7 од Canon имаат феноменални брзини на континуирано фотографирање, така што можете да снимите серија фотографии и да бидете сигурни дека сте ги доловиле клучните моменти. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив EF 300mm f/2.8L IS II USM од Canon со избрани 1/4000 сек., f/3,2 и ISO200. © Samo Vidic

Сурфањето, кајакарството и другите водени спортови нудат одлични можности за фотографирање. Возбудата, превртувањето, скоковите, свиоците и брзината се фактори поради кои се потребни многу труд и трпение за да добиете одлични резултати. Добрата работа при пловење на брод, кајак, скутер на вода и сл. е тоа што се следи определен тек на настани и ќе можете полесно да предвидите што ќе се случи понатаму, при што ќе бидете поподготвени. Општо, за фотографирање движења ќе ви треба телефото или извонреден телефото објектив за да можете да фотографирате од далеку.

Поставки на фотоапаратот за фотографирање спортови на вода

Правилното фотографирање на вода е клучно за добивање одлични фотографии од движења во спортови на вода. Водените спортови често се фотографираат со големи брзини на блендата кои ги замрзнуваат капките вода во кристални ледени скулптури. Поставете ја брзината на блендата на 1/1000 сек. или повеќе за да ја замрзнете водата.

Кога фотографирате преку вода, често има многу светлина која се рефлектира на површината, а тоа ќе ви овозможи да одржите голема брзина на блендата и ниска вредност за ISO, што ви нуди флексибилност за избирање решетка врз основа на големината на субјектот во кадарот. Барајте положби во кои натпреварувачот се врти или скока. И двете лансираат капки вода од површината и го информираат гледачот за правецот, брзината и природата на движењето, што внесува реалистичност во фотографијата.

Опрема за фотографирање спортови на вода

Користете наменско водоотпорно куќиште за да го заштитите фотоапаратот кога работите покрај вода. Овие тврди куќишта за заштита ќе ви овозможат да фотографирате под вода на длабочина до 40 метри, така што прскањето со вода нема да бидат проблем. Куќиштата имаат и заштитени копчиња околу нив за да имате пристап до сите функции на фотоапаратот.

Препорачливо е да започнете со целосно наполнета батерија во фотоапаратот и мемориска картичка со многу слободен простор за да нема потреба да го отворате куќиштето откако ќе започнете да фотографирате. Ставете неколку мали кесички со силициум во куќиштето за да ја намалите влажноста.

Ако планирате да фотографирате под вода, користете сенило за објектив за да ги минимизирате одблесоците и заштитен филтер за да спречите оштетување на објективот. Фотоапаратите EOS R од Canon исто така имаат заштита од лоши временски услови која ги штити од прскање.

Видете ја поголемата слика

Слика одблиску од стапалата на веслач, облечени во црвени чевли и розови чорапи, на дното на брод.

Едноставни реквизити како чифт спортски чевли, излитено седло или топка можат да раскажат приказна. Погледнете наоколу за да најдете нешто интересно и фотографирајте неколку слики одблиску за да внесете нова димензија во вашите фотографии од движења. Снимено со EOS R од Canon и објектив RF 24-70mm F2.8L IS USM од Canon со избрани 59 mm, 1/640 сек., f/2,8 и ISO250. © Matthew Joseph

Победниците не секогаш се главен субјект во одличните спортски фотографии. Магијата се крие во ситните детали - топката, судијата, емоциите на некој обожавател од публиката - кои додаваат изобилство и длабочина во вашиот портрет од настанот. Во вакви случаи, стандардните или автоматски поставки би требало да се соодветни.

Фотографирајте пошироки перспективи што ќе ја прикажат целата атмосфера на спортот и публиката. Ако погледнете во весниците, само неколку фотографии се детални слики одблиску од спортските случувања. Повеќето фотографии се пошироки кадри што го ставаат спортот во контекст кој ги прикажува локацијата и толпите од навивачи.

Бидете подготвени за невообичаени или неверојатни моменти. Најчесто најдобрите спортски слики се оние кои ве тераат да ги погледнете уште еднаш и да се запрашате како нешто се случило. Многу од ова се должи на факторот на среќа што сте биле на вистинското место во вистинското време, но вештината лежи во тоа да бидете подготвени за сè. Снимајте околу акцијата - фокусирајте го вниманието подалеку од главните случувања. Натпреварувачи кои си ја подготвуваат опремата, гледачи, механичари итн. се исто така интересни субјекти кои ја раскажуваат приказната на настанот.

Совети за доловување движења во видео

Фотоапаратите од Canon се подеднакво способни за снимање висококвалитетни видеозаписи со 1080p и 4K-резолуција, па дури 8K-резолуција, така што вреди да се искористат.

Кога ќе пристигнете на локацијата, снимете неколку широкоаголни слики за да ја поставите сцената. На тој начин нема да биде потребно да зумирате многу при снимањето. Често е подобро да го паузирате снимањето, да го промените кадарот и зумот, а потоа да продолжите со снимањето. Кога го поместувате фотоапаратот за да доловите локација или движење, осигурајте се дека запирате со поместувањето пред да престанете да снимате за да си помогнете при уредување на видеото.

Наместо да ја менувате вашата положба и да го ставате фотоапаратот на статив, обидете се да го движите фотоапаратот паралелно со случувањата. Овој процес е полесен ако снимате слики со поширок приказ. Ако настапуваат неколку натпреварувачи еден по друг, тогаш користете различни фокусни должини за секој од нив. Не заборавајте дека е добро далечните објекти да изгледаат поголеми во кадарот како што се приближуваат кон фотоапаратот, па затоа поставете го зумот на начин на кој ќе го задржите целиот субјект во кадарот кога тој ќе биде многу блиску до вас.

Најдобри фотоапарати за фотографирање движења

Маж во нуркачко одело седи на карпа на плажа и држи даска за сурфање, фотографиран од понизок агол.

Многу фотоапарати од Canon имаат екрани со променлив агол или екрани што се вртат. Користете го наместо визирот за обликување на кадарот кога го држите фотоапаратот високо за да фотографирате преку главите на луѓето, или од низок агол за да добиете поинтересна перспектива. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 35mm F1.8 MACRO IS STM од Canon со избрани 1/3200 сек., f/1,8 и ISO100.

Маж стои на работ на тркачка патека, држејќи фотоапарат со голем извонреден телефото објектив пред своето око.

Вградената напредна стабилизација на слика (IBIS) кај EOS R6 и EOS R7 од Canon многу добро функционира во комбинација со оптичката стабилизација на слика на извонредните телефото RF-објективи, бидејќи двата типа на стабилизација на слика спречуваат различни видови на тресење на фотоапаратот. Тоа овозможува доследна острина при рачно фотографирање без користење на статив.

Секој што има фотоапарат од Canon може да почне со фотографирање движења со опремата што веќе ја има, но ако размислувате да набавите подобра опрема, еве неколку предлози за најдобрите модели за фотографирање движења.

EOS R7 од Canon

EOS R7 од Canon без огледало дели многу исти технички иновации со професионалниот EOS R3 од Canon, но има сензор на слика во APS-C-формат кој го зголемува дострелот на телефото објективите за 1,6x. Ова може да биде огромен бонус во фотографирањето движења, што ќе ви овозможи да ја достигнете потребната далечина со релативно компактен и лесен објектив како што е RF 800mm F11 IS STM од Canon. Други придобивки од овој мал, брз и интелигентен фотоапарат се екранот на допир со променлив агол и автоматскиот фокус со врвна технологија што нуди „интелигентно“ препознавање на луѓе, животни, птици и возила, а стабилизацијата на куќиштето и објективот работат заедно за да го минимизираат тресењето на фотоапаратот. Исто така, EOS R7 од Canon може да фотографира со брзина до 30 слики во секунда (fps), а може и да снима видеозаписи со 4K-квалитет и брзина до 60p.

EOS R6 од Canon

Совршен за напредно фотографирање на движења, EOS R6 од Canon ги спојува сите карактеристики на автоматскиот фокус со вештачка интелигенција и вградениот систем за стабилизација на слика на EOS R7 од Canon во фотоапарат за целосна слика со професионални спецификации. Со некои објективи добивате неверојатна стабилизација на слика со 8 чекори и фотоапаратот може да фотографира со брзина до 20 fps. Најдобрите функции за снимање опфаќаат снимање со 4K-квалитет, како и снимање HD-видеоснимки со 120 fps со кои добивате висококвалитетни содржини со забавени движења. Да повториме, има екран на допир со променлив агол што овозможува снимање од креативни положби.

Исто така, Canon нуди широка палета на компактни примарни објективи и објективи со зум што имаат високи перформанси и достапни цени за фотоапаратите EOS R.

PowerShot G7 X Mark III од Canon

PowerShot G7 X Mark III нуди моќни перформанси во мал и компактен фотоапарат кој тежи само 304 g заедно со објективот со фиксен зум кој има практичен ефикасен дострел од 24-100 mm. Брзата решетка од f/1,8-2,8 на објективот овозможува голема брзина на блендата со која може да замрзнувате движења, дури и при придушено или внатрешно осветлување, како и континуирани брзини до 20 fps (секвенцијален режим во RAW-формат со 30 fps). Исто така, може да снима 4K-видеозаписи и Full HD-видеозаписи со 120 fps, а има и екран на допир што се врти.

PowerShot ZOOM од Canon

PowerShot ZOOM е џебен монокуларен фотоапарат што снима фотографии и видеозаписи со Full HD-резолуција со притиснување едно копче, што е доказ дека фотоапаратите за фотографирање движења не мора да бидат гломазни. Поради ова е совршен за посетители на спортски настани и за дискретно фотографирање движења. Зумот со 3 чекори дава голем опсег на фокусни растојанија еквивалентни на 100 mm, 400 mm и 800 mm во комбинација со фотоапарат за целосна слика.


Се надеваме дека ви дадовме корисни совети и техники за фотографирање движења. Фотоапаратите со систем EOS R од Canon и нивните придружни објективи се совршени алатки за да ја завршите потребната работа, но може да постигнете одлични резултати и со палетата на DSLR-фотоапарати и компактни фотоапарати од Canon, а притоа многу да се забавувате. Сега може да ги примените овие совети.


Напишано од Matthew Richards

Слични производи

Слични статии

  • ОСНОВИ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Совети за брзината на блендата

    Усовршете ја брзината на блендата со нашиот водич за почетници и снимајте подобри слики од движења.

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ДВИЖЕЊА

    Доловување движење со фотографии

    Научете како да снимите движење и како да внесете чувство на движење во вашите слики.

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ СПОРТ

    Снимање исполнето со акција во придружба на професионалец

    Jean-baptiste Liautard ја објаснува уметноста на фотографирање акциони спортови.

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ СПОРТ

    Фотографирање спорт „насочи и фотографирај“

    Професионалниот фотограф Molly Darlington истражува како може да ги фотографирате големите спортски настани со џебен фотоапарат.