ОСНОВИ

Фотографирајте земајќи го предвид печатењето – најдобри совети

Како да го користите вашиот фотоапарат од Canon за да доловувате моменти што ќе изгледаат одлично кога ќе ги отпечатите.
Жена во шумско опкружување држи фотоапарат Canon EOS R100 и се наведнува за да сними семејна фотографија од две деца и маж кој носи жолта капа.

Можете ли да си го замислите животот без фотографии од свадбите или другите јубилејни настани? Но, може да ги доловите и да ги зачувате и секојдневните моменти од животот така што ќе снимате и печатите семејни фотографии. Отпечатените фотографии ги прават спомените пореални, нудат долготрајни потсетници за забавата со семејството, сувенири од скапоцените прилики, а исто така се и совршени подароци.

Може да составите прв фотоалбум во кој ќе ги овековечите раните месеци на вашето бебе, кои ќе бидат скапоцени за сите во наредните години. Може да создадете персонализирана книга со приказни што децата ќе ја обожаваат или да создадете сопствени честитки, или, пак, да изработите календар со фотографии од семејството како уникатен подарок за роднините и пријателите.

За Vicky Baynton-Williams, нејзиниот сопруг Ted и децата Audrey и Rex, фотографијата често е семејна активност. „Обожаваме да фотографираме“, вели Vicky. „Јас постојано фотографирам, од слики од децата кога носат зимски капи на училиште до слики кога се прегрнуваат на каучот. Се трудам да не ги нарушувам тие волшебни моменти, но ако можам да се прикрадам и да ги фотографирам, тогаш го правам тоа“. Секако, специјалните пригоди бараат поформални фотографии. „Веднаш штом ја накитиме елката во декември, секоја година семејно се фотографираме за Божиќ“, објаснува Vicky. „Облекуваме божиќни џемпери, што е неверојатно засрамувачки. Но, секоја година се гледа напредокот и растењето на децата“.

Овде, Vicky и нејзиното семејство раскажуваат за нивната прошетка низ локалната шума, при што понеле фотоапарат за да снимаат фотографии што потоа би можеле да ги користат за печатените проекти што ги планирале, а ние ќе обработиме некои работи што треба да се имаат предвид при фотографирањето слики за печатење.

Во шумско опкружување, девојче држи фотоапарат Canon EOS R100, а нејзината мајка се наведнува преку нејзиното рамо за да зборува со неа.

Кај фотоапаратите погодни за почетници како што е Canon EOS R100, автоматските режими овозможуваат добивање одлични резултати без потреба да се совладуваат комплицираните поставки, со што фотографирањето станува подостапно и позабавно за помладите членови на семејството.

Избирање на вистинскиот фотоапарат

За својата шумска фотосесија, Vicky и семејството го користеа компактниот фотоапарат без огледало Canon EOS R100. Тој е едноставен за користење и не мора да имате големо познавање од фотографијата за да снимите одлични слики со него, благодарение на неговите практични менија со објаснувања. Може да ги користите режимите за специјални сцени за да ги оптимизирате вашите поставки за субјектот кој го фотографирате, без разлика дали се работи за ноќен портрет, пејзаж или крупен кадар. Функцијата за креативна помош ви овозможува брзо да постигнете заматување на заднината со професионален изглед, да ги приспособувате бојата и осветлувањето, да создадете класичен ефект на сепија и многу повеќе, без да треба да помните комплицирани поставки. Тој се одликува и со вградени креативни филтри што го поедноставуваат копирањето на изгледот на старовремските црно-бели фотографии, на фотографиите снимени со фотоапарат-играчка и многу повеќе.

„Квалитетот на сликата беше многу подобар отколку на мојот телефон“, додава Vicky. Ова не се должи само на сензорот APS-C со резолуција од 24,1 MP, кој доловува неверојатни детали. Се работи и за тоа што сензорот е поголем од оние во паметните телефони, што значи дека може да постигнете помала длабочина на поле и да добиете портрети со кремасто заматена заднина со професионален изглед.

Дополнителна предност на EOS R100 во однос на паметните телефони е тоа што може да избирате од обемната палета на RF-објективи на Canon, кои може да одговараат на различните ситуации при снимањето и целосно да го променат изгледот на вашите слики. Семејството Baynton-Williams користеше стандарден објектив Canon RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM, компактна и повеќефункционална опција за секојдневни ситуации која се одликува со опсег на зумирање идеален за снимање разни видови сцени, од семејни собири до прекрасни портрети и фотографии од патувањата.

Ознаката IS во името на објективот значи дека објективот се одликува со оптичка стабилизација на слика, која овозможува остри резултати при рачно фотографирање. Клучно е да почнете со остра слика бидејќи печатењето само по себе создава мал ефект на дефокусирање.

На фотографија снимена со Canon EOS R100, девојче што носи ракавици и палто држи мала тиква пред фотоапаратот, а во заднината се видливи дефокусирани полици со тикви.

Иако облачното време може да изгледа разочарувачки за семеен излет, таквото осветлување може да биде подобро од светлата, силна сончева светлина за фотографирање совршени слики со одлични детали во темните и светлите делови. Фотоапарат како EOS R100 може да долови мала длабочина на поле за портрети со пријатно заматена заднина. Снимено со Canon EOS R100 и објектив Canon RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM со избрани 18 mm, 1/200 сек., f/4,5 и ISO 100.

На фотографија снимена со Canon EOS R100, две насмеани деца разиграно се прегрнуваат додека седат на фотелја.

Кога фотографирате деца, поважно е да се спуштите на нивото на нивните очи. За поформалните фотографии од семејството, EOS R100 се одликува со тајмер, како и со опцијата за далечинско управување со фотоапаратот преку паметен телефон со апликацијата Canon Camera Connect. Снимено со Canon EOS R100 и објектив Canon RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM со избрани 45 mm, 1/500 сек., f/6,3 и ISO 800.

Кога фотографирате разиграни деца, IS соработува во комбинација со препознатливиот автоматски фокус Dual Pixel CMOS на Canon, кој може да ги открива луѓето во кадарот и функцијата за континуирано фотографирање на EOS R100, која овозможува секвенцијално фотографирање со брзина до 3,5 во секунда со континуирано фокусирање.1 Vicky открила дека ова значи дека нема да ги пропушти скапоцените моменти во животот.

„Ни се допадна континуираното фотографирање со EOS R100“, вели таа, „бидејќи знаете дека ќе добиете слика во која очите на фотографираните луѓе ќе бидат отворени и тие ќе се завртени кон вас“.

При фотографирањето слики за печатење, уште една голема предност на EOS R100 во однос на паметните телефони е можноста за фотографирање во RAW-формат. RAW-датотеките ги содржат сите информации за слика што ги снима сензорот, што ви овозможува максимална флексибилност при понатамошната обработка на сликата за да го истакнете нејзиниот карактер и да ја подобрите. За споредба, JPEG-датотеките се обработуваат во самиот фотоапарат, а поголемиот дел од податоците за слика при тој процес всушност се отфрлуваат. Ако сакате, може да го извлечете најдоброто и од двата света: може да изберете RAW+JPEG, така што ќе може да ја споделите JPEG-датотеката преку самиот фотоапарат, а да ја користите RAW-датотеката за печатење.

Татко и син седат на дрвена маса, едната рака на синот е поставена врз фотоапарат Canon EOS R100 на масата, а двајцата ги гледаат отпечатените фотографии од печатач Canon SELPHY.

Ако планирате да ги прикажувате вашите фотографии низ домот, може да бидете особено креативни така што ќе ги усогласите боите со вашиот ентериер, а може и да ја уредите сликата во софтвер како што е Digital Photo Professional од Canon за да ги приспособите контрастот и заситеноста, како и внимателно да размислите за видот на фотохартија што би ви ги овозможил посакуваните резултати.

Раце одлепуваат фото-налепница и се подготвуваат да ја залепат во албум.

Canon SELPHY CP1500 ви нуди можност за печатење на различни видови хартија, вклучувајќи и мини налепници, со што ќе може да ги поттикнете и децата да се вклучат во процесот.

Избирање печатач

Семејството Baynton-Williams користеше компактен безжичен печатач Canon SELPHY CP1500, кој создава живописни отпечатени материјали со фотолабораториски квалитет што се отпорни на вода, гребнатини и отпечатоци од прсти и траат доживотно.2 Технологијата за сублимација на бои на печатачот овозможува печатење во разни големини, од големина на поштенска картичка до мини налепници, кои особено им се допаднаа на Vicky, Audrey и Rex.

„Тие беа презадоволни што можеа да си отпечатат сопствени налепници“, вели Vicky. „Rex всушност му испрати поштенска картичка на својот пријател на која имаше слика од него! Тоа е навистина убава функција“.

Обемната палета на печатачи на Canon нуди речиси неограничени можности, од моделите PIXMA за беспрекорно печатење документи и фотографии во домот, до палетата Canon Zoemini со џебни печатачи за фотографии што не користат мастило за печатење. Дознајте повеќе за изборот на печатачи или пробајте ја алатката за избирање печатач на Canon за да добиете предлози во зависност од вашите потреби.

Фотографија од дете опкружена со лисја прикажана на паметен телефон, додека печатач Canon SELPHY до него ја печати, а во заднината се гледа фотоапарат Canon EOS R100.

Може безжично да префрлувате фотографии од Canon EOS R100 на вашиот паметен телефон, каде што ќе може да ги уредувате и да додавате печати, филтри и многу повеќе благодарение на апликациите од Canon како што е SELPHY Photo Layout, што ќе ви овозможи безброј можности за експериментирање и забава со вашите фотографии. Потоа може директно да ги печатите од вашиот паметен телефон за да добиете брзи и лесни резултати.

Мајка и ќерка седат на маса и се смеат додека разгледуваат фотоалбум.

Семејството ги користи отпечатените фотографии за разни активности за изработка на хартиени модели, без разлика дали се работи за фотоалбуми или колажи. Освен тоа што на крајот се добива нешто за паметење, тоа е и одличен начин да ги поттикнете децата да учествуваат во проектите.

Совети за фотографирање слики за печатење

За ова снимање, Vicky и семејството ја истражуваа својата креативност на нови начини бидејќи снимаа знаејќи го крајниот резултат. Ова се седум совети за најдобри резултати за фотографирање слики за печатење.

1. Осветлување. Не разочарувајте се ако сонцето не излезе – придушеното светло на облачните денови е идеално за фотографирање. Тоа значи дека нема да има остри сенки, така што поверојатно е дека ќе може да ги доловите деталите во осветлените и темните делови, што е важно за да добиете живописни отпечатени материјали. Ова е и најдоброто осветлување за доловување природни тонови на кожата. Ако фотографирате во затворени простории, најдобро е да имате странично, придушено природно осветлување, на пример од прозорец надвор од кадарот, наместо директното осветлување што создава висок контраст и може да предизвика несакани сенки и многу темни делови што ќе се отпечатат без видливи делови.

2. Користете ги стиловите на слика. Тоа се однапред поставените параметри во фотоапаратот што ви овозможуваат различна комбинација на острина, контраст, заситеност и тон на боите за различни видови слики. Кога фотографирате луѓе, пробајте го портретскиот стил на слика – тој умерено ја намалува острината и малку ја зголемува осветленоста за да се добие кожа со помек изглед.

3. Обликување. Креативното снимање со различни агли и заднини може да ви понуди интересни отпечатени материјали за домот, а за да го изведете постојат голем број техники. Обидете се да фотографирате ниско до земјата за да добиете невообичаена гледна точка или користете ги природните елементи на сцената како што се дрвата или вратите за да го врамите субјектот во кадарот. Линиите што го насочуваат вниманието како што се патеките, оградите или надвиснатите гранки може да ги водат очите на гледачот низ кадарот до интересните точки. Вклучете ја решетката од 3x3 на фотоапаратот за да ја користите практичната техника наречена правило на третини, која ќе ви помогне да го обликувате кадарот.

На фотографија снимена со Canon EOS R100, дете се потпира на дрво, снимено под искривен агол, а зад него се гледа шума.

За да добиете невообичаени и карактерни портрети, може да фотографирате од висок агол или да создадете композиција со интересни предмети од природата, како што е ова навалено дрво во шумата. Снимено со Canon EOS R100 и објектив Canon RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM со избрани 23 mm, 1/85 сек., f/5 и ISO 100.

На фотографија снимена со Canon EOS R100, во кадарот е дете кое стои во шупливо стебло од дрво.

За да добиете впечатливи композиции, користете ги природните услови за обликување на кадарот, како што е ова шупливо стебло од дрво. Користењето на режимот за портрети благо ја дефокусира заднината, но сепак ја доловува интересната текстура. Снимено со Canon EOS R100 и објектив Canon RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM со избрани 29 mm, 1/160 сек., f/6,3 и ISO 640.

4. Обликувајте го кадарот во зависност од пригодата. Кога го обликувате кадарот, размислете за конечната цел на сликата – на пример, ако фотографирате група роднини за календар, запрашајте се дали композицијата ќе функционира во квадратна форма. Ако фотографирате за честитка, оставете простор во горниот дел на фотографијата или странично во кој ќе може да додадете текст.

5. Заднини. Погледнете зад субјектите и размислете како заднината ги надополнува. Погрижете се да не го одвлекува вниманието од нив, без разлика дали се работи за впечатливи детали или контрастни бои. При уредувањето, ако е потребно, може да ги заматувате, да ги затемнувате или осветлувате деловите и да ја намалувате нивната заситеност за уште повеќе да го насочите вниманието кон субјектите, но секогаш е најлесно ако може да го добиете тоа што го сакате во самиот фотоапарат.

6. Размислете за боите. Ако за одредена фотографија имате замислено конкретно опкружување, како што е ѕид на кој сакате да закачите голема отпечатена фотографија, размислете за распоредот на боите во просторијата. Дали таа е исполнета со живописни тонови и обоени ѕидови? Снимањето фотографија со сродни бои и атмосфера што е слична на просторијата ќе обезбеди хармонија, а сличен ефект би се постигнал и со совпаѓањето на топлите и ладните тонови на боите. Секако, може да ги приспособувате боите при обработката на фотографијата во софтвер како бесплатниот Digital Photo Professional од Canon. Претворањето на сликата во црно-бела исто така може да помогне таа да се вклопи во просторот, да им додаде вонвременска димензија на семејните портрети и да го намали хаотичниот впечаток од динамичките сцени.

7. Квалитетот е важен. На крајот, колку подобра е фотографијата, толку подобар би требало да биде и отпечатениот материјал. Затоа, користете ги сите функции што ви ги нуди вашиот фотоапарат за да добиете одлична фотографија со која ќе почнете. Дали важните делови на сликата се остри? Користете го AF со следење на фотоапаратот за да ги следите очите на вашите субјекти, клучниот елемент за добивање острина во секој портрет. Погрижете се снимените фотографии да бидат колку што е можно без шум благодарение на целосниот опсег на тонови, од најсветли до најтемни. Тоа значи избирање на точните поставки за експозиција и најниска можна вредност на ISO, а ако не може да користите голема брзина на бленда за да го намалите ризикот од заматување поради тресење на фотоапаратот, користете статив или поставете го фотоапаратот на неподвижен предмет. Практичните менија со објаснувања на EOS R100 и креативната помош ќе ви помогнат да ги добиете најдобрите резултати.

Отворен фотоалбум на дрвена работна маса на која се поставени неколку отпечатени фотографии и печатач Canon SELPHY.

За Vicky, овековечувањето на скапоцените моменти станало уште поважно откако таа и Ted ги загубиле своите родители. „Сметам дека е исклучително важно да се снимаат фотографии за спомен“, вели таа. „Едноставно, да се сетите да ги фотографирате сите членови на семејството, бидејќи никој од нас нема да биде тука вечно“.

Без разлика дали планирате да го украсите домот со лични слики, да создадете уникатни подароци за семејството и пријателите или да создавате колажи и активности со модели од хартија за да ги забавувате децата, печатењето им додава нова димензија на вашите фотографии.

За Vicky, Ted, Audrey и Rex, создавањето фотоалбуми е активност во која може да ужива целото семејство како група, а така може и да се потсетат на спомените што заедно ги доживеале. „Децата обожаваат да се присетуваат на тие моменти, па навистина е убаво ако може хронолошки да се потсетите на тие убави мигови“, објаснува Vicky. „Ако ги отпечатите сите и ги залепите во албум, тогаш тој станува спомен за таа конкретна година или период“.

Напишано од Lorna Dockerill и Alex Summersby

  1. Континуирано фотографирање макс. прибл. 6,5 снимки/сек. со бленда со електронска прва завеса и AF со една снимка. Брзината се одржува до 97 JPEG-слики (сите големини), помала ако фотографирате во форматите RAW, C-RAW, RAW + JPEG или C-RAW + JPEG. Со Servo AF, макс. прибл. 3,5 снимки/сек.
  2. Благодарение на специјалниот заштитен слој, фотографиите ќе траат до 100 години доколку ги чувате во албум. Врз основа на забрзано тестирање, земајќи предвид температура од 23° C / 73,4° F и влажност од 50%.

Слични производи

Слични статии