НОЌНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

Астрофотографија: совети за фотографирање ноќно небо и ѕвезди

Водич за снимање спектакуларни фотографии од ноќното небо во којшто ќе најдете совети за најдоброто време за фотографирање на Млечниот Пат, но и препораки за поставките и моделите на фотоапарати и објективи.
Пејзаж од борови, езеро и снежни планини под ѕвездено небо.

Гледањето ѕвезди додека стоите под ноќното небо е навистина волшебно искуство. Благодарение на напредокот во технологијата за фотоапарати, денеска е полесно да излезете надвор и да го снимите неверојатното ноќно небо.

Тука ги разгледуваме основите на астрофотографијата, потребната опрема за ноќно фотографирање, вклучувајќи ги и снимките со забрзано движење и ѕвездени траги, како и најдобрите техники и поставки за ноќно фотографирање.

1. Проверете ја временската прогноза

Пред да појдете да фотографирате, не заборавајте да ја проверите временската прогноза бидејќи ќе ви треба чисто ноќно небо за да снимите јасни слики од ѕвездите. Сепак, по некој облак може да го подобри амбиентот на сликите од ноќното небо, па затоа бидете креативни и искористете ги временските услови во ваша корист. Обрнете внимание на ветрот: ако облаците не се движат, нема да постигнете голем ефект на заматување на фотографиите кога користите долга експозиција.

Понесете резервни батерии и мемориски картички, челна ламба и топла облека. Чувајте ги батериите во џебовите бидејќи побрзо се празнат кога се изложени на ладно.

2. Изберете ја вистинската локација, во вистинското време

Ѕвездено небо, хоризонт прошаран со портокалови ленти и ела којашто се наѕира одлево во преден план.

Во астрофотографијата се потребни трпение и малку истражување. За постигнување на најдобрите резултати, потребна ви е совршена комбинација од временски услови, локација, време и датум. Снимено со фотоапарат EOS R5 од Canon и објектив RF 15-35mm F2.8L IS USM, со избрани 22 mm, 8 сек., f/3,5 и ISO 1250. © Ulla Lohmann

Млечниот Пат на ноќното небо и силуета на суво дрво во преден план.

Ѕвездите, а особено прекрасниот Млечен Пат тешко може да се видат во осветлено опкружување. Посетата на околната природа или дивина ќе ви овозможи огромни придобивки при фотографирање на ноќното небо. Снимено со фотоапарат EOS R од Canon и објектив RF 28-70mm F2L USM од Canon, со избрани 28 mm, 30 сек., f/2 и ISO 3200.

Најдобрите фотографии се снимаат во природа и што подалеку од какво било светло. Најдете тивко место, без вештачко осветлување. Градското светло ќе ја задуши светлината на ѕвездите, исто како и полната месечина или полумесечината, па затоа проверете го и месечевиот календар кога планирате да фотографирате ѕвезди.

Најдоброто време за фотографирање на Млечниот Пат на северната полутопка е од март до септември додека е највисоко на небото. Фотографирајте од полноќ до 5 часот наутро, и тоа во ноќи со млада месечина. На јужната полутопка Млечниот Пат се гледа подолго, од февруари до крајот на октомври.

3. Експериментирајте со поставките за фотоапаратот

Силуети на портокалови карпи наспроти ѕвездено ноќно небо.

За успешно да ги фотографирате ѕвездите навечер, ќе треба да ги совладате поставките на вашиот фотоапарат. Не плашете се да експериментирате и да користите различни комбинации на поставките за да видите како ќе влијаат на ноќните слики. Снимено со EOS RP од Canon и објектив EF 14mm f-2.8L IS II USM од Canon со избрани 15 сек., f/2,8 и ISO 3200.

За снимање на небо со ѕвезди, ќе треба да ја преземете контролата врз фотоапаратот со избирање на рачен режим (M) и примена на некои од различните поставки наведени подолу:

  • Брзина на бленда: бидејќи ѕвездите се движат додека Земјата се врти, за да снимите прецизни точки светлина, ќе треба да ја поставите брзината на блендата на максимум 20 секунди. Ако користите побрза бленда, ќе снимите ѕвездени траги.
  • Решетка: ќе треба да користите и поставка за поширока решетка. Тоа ќе ви овозможи да внесете колку што е можно повеќе светлина во фотоапаратот, а времето на експозиција ќе остане релативно кратко. Имајте предвид дека со широката решетка се добива мала длабочина на полето, што значи дека сè што е во преден план ќе биде заматено.
  • ISO: третиот фактор што влијае врз експозицијата на вашите фотографии е поставката за ISO. Поголема вредност за параметарот ISO значи поголема чувствителност на сензорот на светлината што навлегува низ решетката. Од друга страна, ако користите преголема вредност за ISO, сликите ќе добијат зрнеста текстура. Пронајдете ги соодветните вредности за решетката и брзината на блендата пред да експериментирате со поставките за ISO. За почеток, обидете се со вредност за ISO од 1600, а потоа прилагодувајте ја вредноста за да видите како промените ќе влијаат на резултатите.

Ѕвездено ноќно небо и портокалови карпи во преден план.

Надградувањето со сензор за целосни слики ви овозможува да снимате одлични фотографии во услови на слабо осветлување. Високата максимална вредност за ISO на EOS RP и EOS R6 од Canon овозможува задржување на деталите и бојата со минимален шум. Снимено со фотоапарат EOS RP од Canon и објектив RF 28-70mm F2L USM од од Canon, со избрани 28 mm, 15 сек., f/2 и ISO 3200.

4. Остар фокус при ноќното фотографирање ѕвезди

Фотографирањето на ноќното небо е тежок потфат доколку ги користите функциите за автоматско фокусирање на кој било фотоапарат. Ви препорачуваме да се префрлите на рачно фокусирање со поместување на прекинувачот AF/MF на цилиндарот од вашиот објектив од Canon. Фотоапаратите без огледало како EOS R6 и EOS RP од Canon нудат зголемен приказ на сцената преку електронскиот визир или на екранот од задната страна, со што се овозможува прецизно рачно фокусирање. Покрај тоа, светлината на сликата во визирот автоматски се засилува. Можете да ги користите истите придобивки што ги нудат фотоапаратите DSLR, како на пример EOS 90D од Canon, и да ја обликувате сликата во режимот за прегледување во живо со помош на LCD-екранот од задната страна.

Фотоапаратите со голем број на мегапиксели, како што е EOS R5 од Canon, можат да направат огромна разлика кога станува збор за фотографирање на ноќното небо бидејќи овозможуваат зачувување на извонредно јасни детали при фотографирањето ѕвезди. Од нив може да зависи дали најмалите, најслабите ѕвезди ќе се гледаат јасно или воопшто нема да се гледаат. Високиот степен на јасност на деталите е важен ако сакате да ги отпечатите фотографиите од ѕвезденото ноќно небо*.

5. Изберете го најдобриот објектив за астрофотографија

Силуети на дрва пред ѕвездено ноќно небо.

Магичниот објектив за астрофотографија RF 28-70mm F2L USM од Canon има ознака за неверојатно брза решетка во рамки на целиот опсег на зумирање, слична на онаа кај брзите примарни објективи. Снимено со фотоапарат EOS R од Canon и објектив RF 28-70mm F2L USM, со избрани 28 mm, 75 сек., f/2 и ISO 1600.

Силуети од високи палми наспроти Млечниот Пат на ноќното небо.

За да го доловите широкото пространство на Млечниот Пат со фотоапарат, ќе ви треба извонредно широк агол на гледање и брза решетка. Ова најчесто значи употреба на голем, тежок и многу скап објектив, но RF 16mm F2.8 STM од Canon е релативно лесен, компактен и достапен, поради што е совршен за астрофотографија со мали трошоци. Снимено со EOS R6 од Canon и објектив RF 16mm F2.8 STM од Canon со избрани 25 сек., f/2,8 и ISO 6400.

Во астрофотографија се претпочитаат објективите со ознака за брза решетка коишто и не мора да чинат цело богатство. На пример, RF 35mm F1.8 Macro IS STM од Canon е одличен објектив за астрофотографија. Просечно широкото видно поле на овој објектив може да опфати огромен дел од ноќното небо, решетката пропушта големо количество светлина, а оптичката стабилизација на сликата овозможува снимање ноќни фотографии со фотоапаратот во раце. RF 16mm F2.8 STM од Canon е идеален за снимање уште попространи фотографии од Млечниот Пат бидејќи претставува спој од извонредно широко видно поле и брза решетка со компактна градба.

Доколку го претпочитате изборот разновидни можности што ги нуди објективот за зумирање, RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon овозможува прилично широко видно поле, но и фокусна должина за телефото, што значи дека објективот може да се користи за снимање портрети, но и за снимање диви животни. Објективот содржи и опција за стабилизација на сликата поради што можете да користите помала брзина за блендата кога фотографирате со фотоапаратот во раце. За фотографите коишто сакаат уште поголем квалитет во рамките на овој фокусен опсег, RF 24-105mm F4L IS USM од Canon нуди професионална оптика од серијата L и целосна заштита од лоши временски услови.

RF 28-70mm F2L USM од Canon е извонреден стандарден објектив за зумирање и употреба во астрофотографијата, со неверојатно брза максимална решетка од f/2. За повеќе ширина кај широкоаголниот крај, каде што неколку милиметри можат да направат огромна разлика, ви го препорачуваме RF 24-70mm F2.8L IS USM од Canon.

Неверојатно широкоаголниот објектив за зумирање RF 15-35mm F2.8L IS USM од Canon ви овозможува да снимате големи пространства од ноќното небо, а истовремено имате на располагање и голема брзина за решетката и флексибилен опсег за зумирање. Компактниот RF 14-35mm F4L IS USM од Canon нуди добра алтернатива со само еден чекор помала брзина/вредност за f, а поголемо максимално видно поле. Прочитајте каква предност нудат RF-објективите во поглед на ноќната фотографија во нашиот водич за најдобрата опрема од Canon за ноќно фотографирање*.

Ако барате евтин објектив за зумирање којшто ќе биде компатибилен со вашиот фотоапарат DSLR со APS-C-формат, EF-S 17-55mm f/2.8 IS USM од Canon овозможува беспрекорен квалитет на сликата и ретка можност во оваа класа за постојана брзина на решетката од f/2,8.

6. Подобрете ја композицијата на ноќното небо

Млечниот Пат распослан во форма на лак на небото и над карпест брег на езеро.

Ѕвезденото небо често можете да го истакнете ако во фотографијата го вклучите и пејзажот од опкружувањето. На овој начин внесувате уникатен елемент во вашите фотографии со што ги издвојувате од останатите фотографии од ноќно небо. Фотографирано со EOS 6D од Canon (којшто е сега заменет со EOS 6D Mark II од Canon) со избрани 20 mm, 30 сек., f/2,8 и ISO 5000.

Силуета на бодликаво дрво пред ѕвездено ноќно небо.

Кога фотографирате со фотоапаратот насочен кон небото, обликувајте го кадарот со опфаќање на висок елемент во преден план, како на пример карпа или ова дрво. Снимено со фотоапарат EOS R од Canon и објектив RF 28-70mm F2L USM, со избрани 28 mm, 30 сек., f/2 и ISO 3200.

Подобрете ги фотографиите од ноќното небо со вметнување дополнителни, визуелно поинтересни елементи како згради, дрва, планини или езера коишто го рефлектираат опкружувањето. Кога фотографирате само ѕвезди, на фотографиите може да им недостига перспектива или личен печат, па затоа ви препорачуваме во нив да вклучите нешто уникатно.

Традиционалната техника за постигнување острина на фотографијата од заднината до преден план е да го поставите објективот на хиперфокусното растојание, што е непрактично за многу нови објективи коишто не располагаат со скала на растојание на фокус. Со проверка на различни делови на екранот од задната страна на фотоапаратот со помош на зголемен приказ ќе можете рачно да фокусирате со голема прецизност, но поради малата длабочина на поле кога се користи широка решетка, можеби нема да можете да ја поставите во фокус целата фотографија. Друг начин да го постигнете ова е да снимите една или повеќе фотографии со различни поставки за фокусното растојание и експозицијата коишто ќе бидат соодветно прилагодени на деловите од заднината и далечното ѕвездено небо, а потоа да ги споите во една фотографија со програма за уредување којашто користи маски за слоеви, како што е Adobe Photoshop.

Ако сепак сакате да опфатите сѐ со само една фотографија, но заднината е темна, осветлете ја со блиц, како на пример со Speedlite 430EX III-RT од Canon, којшто ќе ви овозможи едно или повеќе пулсирања на светлина при долга експозиција. Потоа, можете да бидете креативни и да осветлите конкретни предмети или области од интерес во преден план со помош на светилка кога снимате со долга експозиција, па дури и да ги искористите светлата од автомобилот ако сте возеле до некоја локација за да фотографирате.

7. Снимете слики со ѕвездени траги

Тешко е да се доловат прекрасните линии светлина коишто го претставуваат движењето на ѕвездите, но техниката лесно се усовршува со следење на само неколку едноставни чекори. Најпрво, лоцирајте го Северниот Пол, што е лесно изводливо со помош на апликација за ѕвездени мапи којашто е достапна на паметните телефони. Ако Северниот Пол (или Јужниот Пол ако сте на јужната полутопка) ви е фокусната точка на фотографијата и користите долга експозиција, ќе снимите кружни линии околу централна локација. Секогаш користете статив при снимањето фотографии со долга експозиција за да избегнете заматување.

Бидејќи ѕвездите не зрачат со силна светлина, користете висока вредност за ISO (800, 1600 или повисока) за да доловите јасни ѕвездени траги. Експериментирајте пред да снимате со долга експозиција бидејќи колку е поголема вредноста на ISO, толку е поголема и веројатноста за појава на шум во сликата.

На ѕвездите им се потребни 24 часа за целосна ротација на небото, но ефектот на целосен круг на ѕвездените траги може да се постигне со долга експозиција од околу 60 до 90 минути. Ако фотографирате некаде на северната полутопка, лоцирајте ја ѕвездата Северница на ноќното небо којашто ќе ви послужи како референтна точка околу која ѕвездите ќе ротираат.

Бидејќи најмалата брзина на блендата што е достапна кај повеќето фотоапарати е 30 секунди, користете експозиција со светилка во рачен режим (M). На овој начин ќе можете да ја оставите блендата отворена онолку колку што сакате. Поставете го фокусот на бесконечност, и кога ќе бидете подготвени, фотографирајте со експозиција од 30 минути. Потоа повторно прегледајте ја сликата. Можеби ќе треба да се обидете неколку пати и да бидете трпеливи, но по некое време ќе ги постигнете посакуваните резултати.

Друг начин е да снимите видеоснимка од ноќното небо со забрзано движење. Многу фотоапарати од Canon, вклучувајќи ги и EOS R6, EOS R5 и EOS 90D од Canon, вклучуваат и режим за фотографирање забрзани видеоснимки во којшто се користи вграден бројач на интервали. Прикачете го фотоапаратот на статив и поставете ја брзината на блендата на околу 20 и секунди или повеќе, а потоа прилагодете ја и вредноста за ISO (f/4 и ISO 640 даваат добри резултати). Направете пробна фотографија и прегледајте ги резултатите за да ги прилагодите поставките за експозиција доколку има потреба. Потоа, поставете го бројачот на интервали за да снимите последователни фотографии на неколку минути.

Вкупното време на снимање за секвенцата ќе зависи од вашиот избор за должина на видеоснимката од ноќното небо со забрзано движење, како и од брзината на снимање. На пример, од секвенца со вкупно 60 слики снимени со брзина од 30 fps ќе добиете видеоснимка со забрзано движење од две секунди.

Добро снимена видеоснимка од ѕвезди со забрзано движење може да ве воодушеви, а небото да изгледа како полека да ротира пред вашите очи. Ако имате среќа или испланирате да фотографирате за време на метеорски дожд, низ сликата ќе ви прелетуваат ѕвезди што паѓаат за уште поголема галактичка магија. Прочитајте како професионалците ја снимаат оваа неверојатна небесна појава во нашиот водич за фотографирање метеорски дожд*.


Напишано од Matthew Richards


*Достапно на одредени јазици.
Adobe и Photoshop се заштитени трговски марки или трговски марки на Adobe во САД и/или други земји.

Слични производи

  • Фотоапарати без огледало

    EOS R6 Mark II

    Фотографии или видео, акција или портрет - комбинацијата од перформанси и квалитет на слика што ја нуди EOS R6 Mark II ви овозможува да бидете максимално креативни
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R8

    Преминете на фотографии и видеозаписи во формат за целосна слика и остварете ги вашите креативни амбиции.
  • Широкоаголен примарен објектив

    RF 24mm F1.8 MACRO IS STM

    Компактен и лесен примарен објектив од 24 mm што е идеален за фотографирање пејзажи, снимање видеоблогови и ентериери, но и за снимање одлични макро слики.
  • Објектив за зумирање со извонредно широк агол

    RF 14-35mm F4L IS USM

    Извонредно широкиот објектив RF од Canon опфаќа детали со прецизност карактеристична за серијата L, од 14 до 35 mm, и го олеснува држењето на фотоапаратот благодарение на стабилизацијата на слика со 5,5 чекори.
  • Широкоаголен објектив

    RF 16mm F2.8 STM

    Компактен, достапен и извонредно широкоаголен објектив за целосна слика со фокусна должина од 16 mm што е наменет за серијата EOS R и дизајниран за видеоблогери и креатори на креативни содржини.
  • Слични статии

  • НОЌНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Фотографирање на Месечината

    Водич во чекори кон креативно фотографирање на месечината.

  • ТЕХНИКИ ЗА ОСВЕТЛУВАЊЕ

    7 совети за фотографирање при слаба осветленост

    Дознајте важни техники за снимање остри фотографии при слаба осветленост и дознајте која е најдобрата опрема од Canon за фотографирање при слаба осветленост.

  • ОСНОВИ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ / НА ОТВОРЕНО

    Совети за фотографирање во екстремни временски услови

    Од заштита на вашата опрема до грижа за себе, ова се нашите најдобри совети и трикови за усовршување на фотографирањето во екстремни временски услови.

  • НОЌНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Најдобра опрема од основна класа за ноќни снимки

    Фотоапарати и објективи за извонредно ноќно фотографирање.