СНИМАЊЕ ВИДЕОБЛОГОВИ

Четири уметници, четири таленти, една креативна соработка

Дознајте што се случи кога креаторите на содржини кои користат опрема од Canon за да ја изложуваат својата работа онлајн се здружија за да направат краток видеозапис.
Canon Camera
Социјалните медиуми нè претворија во креатори на содржини. Како да ги подобрите вашите видеозаписи и објави и да направите тие да се истакнат? Кампањата „Crew Create“ на Canon здружи четворица уметници од Обединетото Кралство, кои користат разни фотоапарати и објективи од Canon за создавање објави и видеа на социјалните медиуми, за да покажат што е можно - без разлика на вашиот буџет или вештини.

Фудбалскиот жонглер Ewan Baggott, познат и како EABskills, бил љубител на фотографирањето уште од детството и го користи врвниот EOS R6 од Canon за да снима вештини и трикови за своите 107 илјади следбеници на Instagram. „Кога бев помлад, бев опседнат со фотографирањето,“ вели тој. „Најдобриот квалитет на слика е клучен предуслов за мојата работа.“

Добитникот на Brit Award, музичарот и продуцент Jack Garratt користи EOS RP од Canon за да го документира својот креативен процес и да споделува фотографии од животот во движење со своите 90,9 илјади следбеници на Instagram. „Обожавам да фотографирам,“ вели тој. „Кога сум на пат, секогаш носам фотоапарат со себе.“

Танчарката Nifè има повеќе од 1,5 милиони следбеници на TikTok. Таа користи EOS M50 Mark II од Canon за да ги сними нејзините предизвици со танцување и упатства. „Лесен е, едноставен за користење и можам да го носам во чанта,“ вели таа.

Уличниот уметник Fat Cap Sprays не сака многу да се истакнува, па затоа снима кратки видеа кои му донесоа повеќе од 72 милиони допаѓања на TikTok, а се служи со PowerShot G7 X Mark III од Canon. „Тој е навистина компактен и многу лесен, што е совршено бидејќи во другата рака држам конзерва со спреј,“ вели тој.

Овде се запознаваме со четирите уметници, дознаваме повеќе за нивниот креативен процес и откриваме што научиле од соработката на краткиот филм што ги прикажува нивните вештини.

Прочитајте повеќе:

Фудбалскиот жонглер

Млад маж шутира фудбалска топка кон гол, а зад него на статив е поставен фотоапарат од Canon.

„Секогаш соработувам со другите инфлуенсери,“ вели фудбалскиот жонглер Ewan Baggott, познат како EABskills. „Имаме убава мала заедница во жонглерскиот свет во која сите меѓусебно си помагаме. Соработките водат до пријателства што траат цел живот.“

Canon Camera

Ewan Baggott

Фудбалски жонглер, презентер и продуцент.

Профил:@eabskills

Избран фотоапарат:EOS R6 од Canon

„Кога бев помлад, бев опседнат со фудбалот и со фотографирањето,“ вели Ewan. „Си помислив: како можам да ги спојам фудбалот и фотоапаратите?“

Ewan почнал да снима трикови и вештини и да ги споделува онлајн, а сега ги објавува своите фудбалски монтажи на TikTok, Instagram и YouTube. „Ја обожавам можноста да бидам слободен и да правам што сакам,“ вели тој.

„Соработката беше навистина кул можност различни креатори да се здружат и да се запознаат со различните аспекти на работата на другите,“ додава тој. „Пред тоа остваривме повик за меѓусебно да споделиме идеи. Ја слушав [музиката] што Jack ја направил и си помислив: морам да направам некој трик во слободен стил на овој ритам.“

„Секако дека имаше неколку работи што ме загрижуваа на тој ден. „Бев загрижен дали ќе ми падне топката и дали ќе имам претстава за просторот. Морав да го испланирам просторот, четирите ѕида меѓу кои се наоѓав, но и да бидам сигурен дека кога топката ќе дојде кон мене нема да го погодам фотоапаратот!“

„Важно е да се соработува со други луѓе бидејќи сите сме различни. Може да научите малку од овде, малку од онде. Најважното е постојано да учите. Ако работите со други, вие учите од нив и тие учат од вас.“

Музичарот и продуцент

Маж што носи панталони со златна цветна шара седи во домашно студио за снимање, а на коленото има фотоапарат од Canon.

„Моите идеи може да дојдат од секаде,“ вели наградуваниот музичар и продуцент Jack Garratt. „Понекогаш мелодијата се појавува целосно формирана во мојата глава. Понекогаш може да ми бидат потребни години.“

Canon Camera

Jack Garratt

Добитник на Brit Award, музичар и продуцент.

Профил:@jackgarratt

Избран фотоапарат:EOS RP од Canon

Jack отсекогаш бил голем љубител на музиката. „Отсекогаш сакав целосно да се посветам на пишувањето и изведувањето,“ вели тој. „Првата песна ја напишав кога имав 13 или 14 години - тоа отсекогаш природно ми доаѓаше.“

Тој смета дека социјалните медиуми го поттикнале да стане подобар фотограф и изведувач, но сепак избира што ќе објави онлајн. „Ги избирам моментите во кои сакам да ги вклучам и другите луѓе. Понекогаш ја ставам матрицата на песната на која работам да се повторува и свирам акорди или бас-линија врз неа. Понекогаш само седнувам со гитарата и мрморам за песната што сум почнал да ја пишувам.“

Тој бил љубопитен да види како другите уметници ќе ја интерпретираат неговата музика на денот на соработката и се трудел таа да одговара на енергијата на нивните изведби. „Сакав да бидам сигурен дека тоа што го свирам го отсликува тоа што го прават другите. Многу ми се допадна можноста да ја рефлектирам и да се усогласувам со енергијата на другите.

„Беше неверојатно доживување да се види како другите ја доловуваат музиката во својата уметност. Еден навистина фасцинантен аспект на создавањето е да видите како другите луѓе ќе го интерпретираат тоа.“

Танчарката

Жена со фотоапарат се снима како скока во воздухот додека изведува танчарска точка на бетон пред железничка пруга.

„Создавањето содржини ми дава слобода,“ вели танчарката Nifè. „Имам слобода да бидам која сакам да бидам, да правам што сакам и да создавам што сакам.“

Canon Camera

Nifè

Танчарка од Лондон која ги покажува своите потези на TikTok и Instagram.

Профил:@itsjustnifee

Избран фотоапарат:EOS M50 Mark II од Canon

Nifè танцува целиот свој живот. „Мајка ми велеше дека со танцување сум излегла од утробата,“ вели таа. „Бев многу срамежлива кога бев помлада. Танцот беше единственото нешто што ми даваше самодоверба. Дури и сега, мислам дека сум самоуверена само поради тоа што го научив од танцот. Научив како да се претставувам себеси, како да се движам, како да ми биде удобно во моето тело и да ми се допаѓа која сум.“

Nifè доби задача да создаде танц за видеото, но таа сакаше да остави малку простор во кореографијата за да може да одигра и по нешто во слободен стил на денот на соработката.

„Знаев дека кога ќе го видам просторот, ќе има нешто што ќе може да го искористам,“ вели таа.

„Музиката [за соработката] не беше онаква каква што обично избирам, но добив можност да видам кој дел од мене би направил нешто поинакво. Добив можност да видам како другите луѓе прават нешто поинакво. Треба да соработувате со другите креатори за да научите повеќе, да се надополнувате, да се советувате. Се плашев да не бидам нервозна. Нервозата може да биде многу иритирачка, но таа сепак ќе биде присутна. Се плашев да не направам нешто погрешно во поглед на просторот. Морав малку повеќе да се потрудам за ова. Морав да го направам тоа малку попаметно.“

Уличниот уметник

Цртач на графити прави слика на неонска светлечка јагода на црн ѕид, а фотоапарат од Canon го снима процесот.

„Има многу креативци во мојот дел на Лондон, така што сите меѓусебно се надополнуваме,“ вели уличниот уметник Fat Cap Sprays. „Многу сакам да внесувам живост во запуштените, запоставени ѕидови.“

Canon Camera

Fat Cap Sprays

Уличен уметник од источен Лондон познат по своите светлечки неонски цртежи во стил на цртани филмови.

Профил:@fatcapsprays

Избран фотоапарат:PowerShot G7 X Mark III од Canon

„Кога луѓето ќе видат некое уметничко дело, тие го гледаат само конечниот резултат, но кога снимам, јас им го покажувам процесот - како сè се вклопува, слој по слој,“ вели уличниот уметник Fat Cap Sprays. „Вака на сите им го покажувам и задоволството што ми го причинува сликањето. Споделувањето на креативноста е моќна работа. Внесува среќа во животите на луѓето.“

Fat Cap Sprays доби задача да ја создаде уметничката заднина на видеото. Тој дизајнираше був во неонска црвена боја кој „отскокна“ на црната заднина. „Бувовите имаат најдобар вид и се ноќни суштества. Затоа сакав очите да бидат како објективите на фотоапаратот - очите на креаторите на содржини,“ вели тој.

„Мојот дел беше многу различен од оние на другите уметници. Ако згрешев нешто, ќе можев повторно да го насликам и да продолжам да го дотерувам и да го менувам додека не бидам задоволен. Притисокот врз другите креатори на содржини беше многу поголем бидејќи тие мораа да ги исполнуваат своите изведби пред фотоапаратот и да ги повторуваат додека не ги изведат како што треба.

„Нашата соработка ни овозможи да создадеме нешто поинакво од порано. Се работи за меѓусебно надополнување за да создадете нешто посебно. Сите имаме различни таленти, но сите може да создаваме содржини заедно на забавен начин.“

Погледнете што се случи кога овие врвни креатори ги здружија своите креативни таленти во овој голем заеднички потфат:
Маж во црвена маица свири електрична гитара.
Напишано од Andrea Ball

Слични производи

Слични статии

  • Човек на плажа држи фотоапарат поставен на статив со држач пред други луѓе.

    СНИМАЊЕ ВИДЕОБЛОГОВИ

    Почнете со видеоблогирање денес

    Следете ги нашите совети за снимање видеоблогови и дознајте како да снимате прекрасни видеозаписи што ќе им се допаднат на најпрефинетите гледачи.

  • Видеоблогерот Matt Adlard седнат на кујнска маса снима видеозапис на EOS M50 Mark II.

    СНИМАЊЕ ВИДЕОБЛОГОВИ

    Најдобри фотоапарати од Canon за снимање видеоблогови

    Дознајте како PowerShot G7 X Mark III може да ви помогне да ја разбудите вашата креативна страна во секојдневието.

  • Жена го поставува PowerShot G7 X Mark III од Canon до лаптоп за да снима час по јога во живо во својата дневна соба.

    КОМПАКТНИ ФОТОАПАРАТИ

    Најдобриот фотоапарат за создавање содржина

    Дознајте како PowerShot G7 X Mark III може да ви помогне да ја разбудите вашата креативна страна во секојдневието.

  • Познатиот пекар Matt Adlard фотографира чоколаден десерт со EOS M50 Mark II од Canon.

    ФОТОГРАФИРАЊЕ ХРАНА

    Рецепт за успех: ви го претставуваме EOS M50 Mark II од Canon

    Самоукиот пекар и ѕвезда на социјалните медиуми Matt Adlard пробува да го користи EOS M50 Mark II.