Најдобриот фотоапарат за фотографирање портрети е оној што не ви ја намалува креативноста, без разлика дали фотографирате преслатко новороденче, саканото домашно милениче или интересен странец на улица. При фотографирањето портрети, вашата опрема мора да ви помогне да ги доловите личноста, карактерот и убавината на вашиот објект, да ја збогати вашата визија, но на никаков начин да не ви пречи.
Мора да земете предвид многу фактори при изборот на фотоапарат за фотографирање портрети, а вистинскиот избор најчесто ќе зависи од видот на портрети што ги фотографирате. Сепак, не грижете се: има фотоапарати од Canon за секое сценарио, како и одлични објективи што може да се комбинираат со нив за да се добијат најдобрите можни портрети.
Фотоапарати и објективи за фотографирање портрети во секоја прилика
Портрети од новороденчиња и бебиња
Canon EOS R10 е идеална опција за новите родители кои бараат фотоапарат што е едноставен за користење и овозможува снимање прекрасни фотографии со минимален напор. Снимено со Canon EOS R10 и објектив Canon RF 50mm F1.8 STM со избрани 1/500 сек., f/4,0 и ISO640. © Mark Fensome
Благодарение на електронската бленда што овозможува потполно бесшумно фотографирање, фотоапаратите без огледало од Canon се идеални за портрети на бебиња, каде што тишината најчесто е клучна. Со тежина од само 429 g, лесниот Canon EOS R10 е одличен избор. Тивок кога тоа е потребно за да не се вознемирува бебето, тој се одликува и со наменски режим за портрети што ја зголемува мекоста на тоновите на кожата и малите, деликатни праменчиња коса. На располагање ви се и креативни филтри, меѓу кои еднобоен филтер за потенцирање на природната текстура на кожата, а интелигентниот AF со откривање на очи ќе се погрижи секогаш да добиете совршено фокусирање.
Изборот на вистински објектив исто така е важен, а ние ви препорачуваме комбинација на EOS R10 со Canon RF 50mm F1.8 STM. Тивкиот STM-мотор за фокусирање нема да го разбуди бебето, а извонредно широката максимална решетка f/1,8 пропушта доволно светлина за портрети со совршена експозиција, дури и во слабо осветлени спални соби. Широката максимална решетка исто така овозможува фотографирање со исклучително мала длабочина на поле и добивање прекрасно заматени заднини.
Семејни портрети
Со практичниот режим за креативна помош и беспрекорна интеграција со апликацијата Canon Camera Connect – која ви овозможува лесно да пренесувате слики од фотоапаратот до вашиот паметен телефон или таблет-уред и да ги споделувате со вашето семејство - EOS R100 е идеален за сѐ, од индивидуални снимки до групни портрети. Снимено со Canon EOS R100 и објектив Canon RF 35mm F1.8 MACRO IS STM со избрани 1/320 сек., f/4 и ISO640. © Gary Morrisroe
Благодарение на функциите за следење лица и откривање на очи, Canon EOS R100 ќе ги задржи вашите сакани во извонредно остар фокус, што е идеално за снимање групни портрети и на најбројните семејства. Неговиот APS CMOS-сензор со 24,1 MP нуди висококвалитетни слики и е идеален за обликувањето на кадарот на групните фотографии, а ви нуди и голем степен на контрола врз длабочината на полето за уметнички поединечни портрети. На семејните фотографи им препорачуваме и да го користат хибридниот автоматски режим, со кој EOS R100 автоматски комбинира кратки видеозаписи и фотографии за да создаде краток филм со најважните моменти од семеен настан или еднодневна екскурзија.
Кога семејната прослава ќе биде во полн замав, комбинирајте го вашиот EOS R100 со Canon RF 24mm F1.8 MACRO IS STM. Овој објектив е доволно мал за да не го привлекува вниманието врз вас и ви овозможува да доловите искрени моменти, а светлата максимална решетка f/1.8 ќе ви помогне да снимите одлични фотографии дури и при услови на слаба осветленост. Неговата широка фокусна должина од 24 mm е идеална за да ја соберете целата династија во кадарот, но ако претпочитате снимки одблиску, неговите функции за макро ви овозможуваат да ги доловите и најситните детали.
Портрети за мода и убавина
За фотографите за мода и убавина е важно секогаш да испорачуваат беспрекорни слики на кои ќе бидат истакнати моделите и производите што ги фотографираат. Благодарение на функциите за откривање лица и очи, Canon EOS R8 ви овозможува никогаш да не го погрешите фокусот и секогаш да добиете неверојатно остри портрети. Снимено со Canon EOS R8 и објектив Canon RF 24-50mm F4.5-6.3 IS STM со избрани 50 mm, 1/1250 сек., f/6,3 и ISO160.
Ако сакате да направите портретите за мода и убавина да се истакнуваат на социјалните мрежи, Canon EOS R8 се одликува со CMOS-сензор со 24,2 MP што овозможува снимање на сите детали со неверојатна острина. Благодарение на автоматското фокусирање до -6,5 EV што го нуди големиот и извонредно чувствителен сензор за целосна слика, EOS R8 нуди одлични перформанси и во најтешките услови на осветлување, од студиото до улицата, без разлика каде и кога ќе ве одведе фотосесијата. Со сензорот за целосни слики од 32,5 MP и бесшумно фотографирање со брзина од 40 fps, Canon EOS R6 Mark III нуди фотографирање со висока резолуција при неверојатно големи брзини. Со тоа е идеален избор за модни фотосесии, со неверојатно напредно и исклучително прецизно следење на субјектот за моделот да остане во најостар фокус.
Објективот Canon RF 85mm F2 MACRO IS STM е идеален за портрети за мода и убавина. Благодарение на широката решетка f/2 и телефото компресијата на оддалеченоста, овој објектив нуди заднини со меки бои и посилен ефект на заматување, што на портретите им дава елеганција и ги издвојува објектите од нивното опкружување. Телефото објективите како овој нудат и многу мало изобличување, со што овозможуваат снимање прекрасни портрети, особено од лица. Ако сакате снимки одблиску од раце или црти на лицата, RF 85mm F2 MACRO IS STM може да одговори и на тие потреби, благодарение на макро зголемувањето од 0,5x. Освен тоа, ако решите да излезете на улица навечер за да фотографирате, може да го оставите стативот дома благодарение на стабилизацијата на слика со 5 чекори.
Портрети на миленичиња
Комбинирајќи ја брзината и квалитетот на слика, Canon EOS R7 е идеалниот фотоапарат за снимање објекти во движење или доловување на сите детали во услови на слаба осветленост. Снимено со Canon EOS R7 и објектив Canon RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM со избрани 59 mm, 1/30 сек., f/9 и ISO100.
Иако вашите миленичиња најчесто денот може да го минуваат во спиење, неизбежно е дека во моментот кога ќе се обидете да ги фотографирате, тие одеднаш ќе почнат да се движат како да ги бркате. Токму затоа Canon EOS R7 е идеалниот фотоапарат за фотографирање домашни миленичиња. Создаден за фотографирање диви животни, EOS R7 се одликува со неверојатно брзо секвенцијално фотографирање со брзина до 30 fps и електронска бленда со брзина до 1/16.000 што ќе ви овозможи да ги доловите случувањата без разлика колку брзо се движат животните. Благодарение на функцијата за откривање животни и AF со следење, вашиот објект ќе биде во остар фокус без разлика каде ќе отиде во кадарот, а стабилизацијата на слика со 8 чекори (во зависност од прикачениот објектив) ви нуди фотографии без заматување, дури и при рачно фотографирање. Благодарение на поврзувањето преку Wi-Fi и Bluetooth, EOS R7 може беспрекорно да се впари со апликацијата Canon Camera Connect, така што ќе може далечински да ја активирате блендата додека го забавувате вашето милениче и го насочувате во вистинската насока.
Вградената стабилизација на слика (IBIS) во EOS R7 се комбинира со оптичката IS во објективот Canon RF 15-30mm F4.5-6.3 IS STM за да испорача до 7 чекори на стабилизација, што ви овозможува да фотографирате рачно или со мали брзини на блендата во слаба осветленост, без да се грижите за заматувањето. Сето ова се испорачува во компактен објектив кој, со тежина од 390 g, е доволно лесен да ги олесни и најдолгите фотосесии со миленичињата. Благодарение на APS-C-сензорот во EOS R7, овој објектив создава видно поле еквивалентно на објектив од 24-48 mm на фотоапарат за целосна слика и нуди разновиден опсег на зумирање и неверојатно корисна флексибилност при непредвидливите фотосесии со миленичињата.
Портрети во различни опкружувања
Canon RF 45mm F1.2 STM има светла максимална решетка f/1,2 со која вашиот субјект ќе се истакнува прекрасно - меко заматената заднина ви дава чувство на место без детали кои го одвлекуваат вниманието. Како првиот објектив од Canon RF f/1,2 со тежина помала од 400 g, лесен е и за носење кога сте на локација. Снимено со Canon EOS R6 Mark III и објектив Canon RF 45mm F1.2 STM со избрани 45 mm, 1/100 сек., f/1,2 и ISO100.
За непредвидливата природа на портретите во различни опкружувања е потребен колку што е можно поразновиден фотоапарат. Canon EOS R6 Mark III се одликува со куќиште со заштита од временските услови и е дизајниран да може да го понесете секаде каде што треба да фотографирате. Неговата вградена стабилизација на слика (IBIS) нуди до 8,5 чекори на стабилизација за јасни слики без заматување кога фотографирате рачно, а неговиот голем сензор за целосна слика со широк опсег на ISO овозможуваат снимање добро осветлени портрети во непредвидливи и неповолни услови на осветленост. Дополнително, со напредното откривање и следење на очи, како и автоматски фокус што може да приоретизира специфични луѓе во сцена со Приоритет за регистрирање луѓе, Canon EOS R6 Mark III го одржува фокусот на вашиот субјект во секакви услови. Со бесшумното и извонредно брзо секвенцијално фотографирање со брзина до 40 fps, лесно ќе ги доловите краткотрајните природни изрази.
Истите карактеристики што го прават Canon RF 24mm F1.8 MACRO IS STM соодветен за семејни портрети го прават и добар избор за портрети во различни опкружувања. Со тежина од само 270 g, може да го понесете секаде, а неговата оптичка IS со 5 чекори и широката максимална решетка се дизајнирани да ви помогнат да ја изразите вашата креативност без разлика на условите на осветлување, со што ви овозможуваат да снимате интересни фотографии од целото тело исполнети со контекст. Фокусната должина овозможува овој објектив да биде и фантастичен објектив за снимање видеоблогови.
Ако сакате малку потесен приказ, Canon RF 45mm F1.2 STM е одличен избор. Комбинацијата на стандардната фокусна должина од 45 mm и неверојатно брзата максимална решетка - најсветлата решетка достапна надвор од професионалната серија L од Canon - ви дава вистинска контрола над длабочината на полето. Лесно можете да ги заматите заднините кои одвлекуваат внимание за јасна и фокусирана композиција, а решетката f/1,2 е идеална за снимање при слаба осветленост.
Без разлика што фотографирате, од мачки до братучеди, мајки до модели, кога го имате вистинскиот фотоапарат и објектив од Canon покрај себе, подготвени сте.
Напишано од Peter Wolinski и Marcus Hawkins
Слични производи
-
- Ново
EOS R6 Mark III
Доловете ги дејствата со оптимална рамнотежа на резолуција, брзина и практичност - идеален за диви животни, спорт и портрети. -
-
- Фаворит на креаторите
EOS R8
Преминете на фотографии и видеозаписи во формат за целосна слика и остварете ги вашите креативни амбиции. -
-
EOS R7
Истражете ја дивината со фотоапарат што нуди неверојатна брзина и квалитет на слика во преносливо APS-C-куќиште дизајнирано за иднината. -
EOS R10
Преземете ги следните чекори во фотографирањето и снимањето со фотоапаратот без огледало EOS R што е дизајниран со сензор со големина APS-C. -
EOS R100
Создајте совршени спомени во извонреден квалитет со интуитивниот фотоапарат EOS R што е секогаш подготвен. -
RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM
APS-C-објектив од серијата EOS R со опсег на зумирање од широк агол до телефото што е совршен за фотографирање патувања, диви животни, спорт и животен стил. -
RF 24mm F1.8 MACRO IS STM
Компактен и лесен примарен објектив од 24 mm што е идеален за фотографирање пејзажи, снимање видеоблогови и ентериери, но и за снимање одлични макро слики. -
- Ново
RF 45mm F1.2 STM
Лесен примарен стандарден објектив со извонредно брза решетка f/1,2, кој нуди лесен пристап до напредни техники и креативни слики. -
-
RF 50mm F1.8 STM
Компактен, тивок и лесен примарен RF-објектив од 50 mm, со широка решетка од f/1,8, што е совршен за реализирање на вашата креативна замисла.