Urban nature photography tips: A squirrel looks up, paws in front of its body, surrounded by a field of white daisies and lush green grass up to its shoulders.

ФОТОГРАФИРАЊЕ ПРИРОДА

Совети за фотографирање урбана природа: снимајте животни пред вратата на вашиот дом

Фотографирањето природа не е достапно само за оние кои живеат во рурална средина. Погледнете во вашата градина, на улиците, под камењата, околу езерцата и во градските паркови и ќе пронајдете совршена прилика за фотографирање природа во градот, токму на вашиот праг.

Младиот фински фотограф Ossi Saarinen собра шестоцифрен број на следбеници на Instagram преку фотографирање природа во градот - прекрасни верверички, глувци и лисици што гледаат директно кон гледачот, како и смешни птици полни со карактер. Тука ги споделува своите најдобри совети за фотографирање природа во градот, како и најдобрите места за пронаоѓање лисици, неговите омилени подесувања за фотографирање и кадарот во кој најдобро може да се доловат уникатните субјекти од реалниот живот.

1. Проучете ги навиките на животното

Понекогаш, во Хелсинки, Ossi наидува на животни, но со проучување на навиките на животните што сака да ги фотографира, тој знае каде и кога може да ги пронајде. „На пролет барам дувла со лисици на места што се оддалечени од центарот на градот, но сепак во близина на луѓе. Се обидувам да најдам дупки во земјата каде што може да има дувло, а потоа барам траги од крзно и нивната силна миризба“ - вели Ossi.

„Мислам дека една од најважните работи за фотографирање животни е да ги проучите навиките на животните. Ако пронајдам дувло со лисици во кое има мали лисици, знам дека тие цело време седат таму и затоа легнувам во близина и фотографирам како си играат малите лисици. Возрасните лисици шетаат во текот на ноќта, а понекогаш и попладне. Лисиците најчесто се движат по иста патека и јас ги следам за да видам каде одат, а следниот пат одам на средината од нивната патека и ги чекам да се појават“.

2. Внимателно изберете во кој период од денот ќе фотографирате

Преполните градски улици, патиштата со многу автомобили и звуците на цивилизацијата не се во согласност со фотографирањето природа - но тоа не значи дека не е можно, туку треба да почекате да се повлечат луѓето. „Никогаш не фотографирам на пладне“ - вели Ossi. „Многу животни се поактивни во текот на ноќта, но фотографирањето во темнина е потешко, па затоа фотографирам на изгрејсонце и зајдисонце. Светлината е подобра во тие периоди, па и фотографиите изгледаат поубаво“.

И покрај тоа што фотоапаратите за целосна слика (како што е EOS 6D од Canon) нудат подобри перформанси при високи подесувања за ISO, може да снимате одлични фотографии во природа со фотоапаратите со APS-C-сензор (како што е EOS 7D Mark II од Canon), вели Ossi. „Кога фотографирате птици и пчели, доколку не можете да се приближите доволно, помалите сензори ќе ви овозможат да ги направите да изгледаат поголеми во кадарот“, што се должи на ограниченото видно поле на помалите сензори.

Слични написи
canon-get-inspired-urban-nature-photography-tips-related1-185x94

ФОТОГРАФИРАЊЕ ПРИРОДА

Приказната на Ossi Saarinen за фотографирање урбана природа

По само три години од неговото прво фотографирање, карактеристичните фотографии од животни на Ossi станаа хит на социјалните медиуми. Тука објаснува како започна неговото хоби.

A red squirrel looks straight at the camera as it runs across a carpet of dried leaves and fallen petals.

ФОТОГРАФИРАЊЕ ДИВИ ЖИВОТНИ

Совети за фотографирање диви животни

Совети и техники со кои ќе го однесете фотографирањето диви животни на повисоко ниво и ќе извлечете максимум од вашиот фотоапарат и објективите од Canon.

Young Wildlife Photographer of the Year to pro

ФОТОГРАФИРАЊЕ ДИВИ ЖИВОТНИ

Од добитници на награди до професионалци

Двајца добитници на наградата Young Wildlife Photographer of the Year и какво значење имаше раниот успех за нив.

3. Доближете се или користете долг објектив

„Ако сакате да се доближите многу, тогаш ќе треба да им дозволите на животните да ве видат“ - објаснува Ossi. „Најважно е да поминете многу време со животното за да се навикне на вашето присуство. Мора да бидете многу смирени - не правете ненадејни движења. Можете да научите како се однесуваат и реагираат на нашите движења и колку можете да им се приближите пред да избегаат“.

За фотографирање урбана природа, Ossi сака да користи објективи со зум „бидејќи ситуацијата постојано се менува - животното може да биде многу блиску, а потоа брзо да се помести. Со мојот објектив EF 70-200mm f/2.8L USM од Canon можам да фотографирам одблиску или на голема оддалеченост со максимална фокусна должина од 200 mm. Може да биде тешко да им се доближите на животните, особено ако допрва почнувате да фотографирате во природа. Поради тоа, најдобро е да започнете со долг објектив од 300 mm или 400 mm“. Објективот EF 75-300mm f/4-5.6 III од Canon е популарен компактен објектив со голем дострел, а ако сакате уште покомпактно и подостапно решение, тогаш моќниот оптички зум до 40x на фотоапаратот PowerShot SX740 HS од Canon ќе ви овозможи брзо да се доближувате и оддалечувате.

4. Зголемете ја вредноста на ISO и фотографирајте со најширок отвор на блендата

Природата изгледа најубаво рано наутро или доцна навечер, кога светлината е слаба. Затоа можноста за фотографирање при слаба осветленост е една од причините поради која Ossi сака да користи фотоапарати како што е EOS 6D од Canon за целосна слика кога фотографира урбана природа. Тој има голем опсег на ISO и систем за автоматско фокусирање со 11 точки што е доволно чувствителен за да функционира под месечева светлина, со што се зголемува веројатноста да снимите остра слика. Најновата генерација на фотоапаратот - EOS 6D Mark II од Canon - нуди уште подобри перформанси со 45 точки за автоматско фокусирање од вкрстен тип и уште поголем опсег на ISO.

Но, неговиот метод може да се примени и со фотоапарати со помали сензори: тој препорачува да се зголеми вредноста на ISO и да се фотографира со најширок отвор на блендата. „Кога морам, избирам многу висока вредност за ISO - подобро да снимите фотографија со малку шум отколку да не снимите ништо“ - вели тој. Ossi дополнува дека сака да користи ISO со помала вредност од 10.000 со својот фотоапарат, но сите модели на фотоапарати функционираат различно во различни услови, па затоа мора да експериментирате за да дознаете што може да снимите во вашата област.

5. Фокусирајте брзо и замрзнете ги животните во движење

Ossi им препорачува на фотографите кои сакаат да ја снимаат природата во градот да изберат фотоапарат со брз автоматски фокус - „колку побрз, толку подобро“ - и стабилизација на слика. EOS 7D Mark II од Canon има систем за AF со 65 точки од вкрстен тип и Dual Pixel CMOS AF кои ги подобруваат можностите за фокусирање на подвижните објекти, дури и при слаба осветленост. Користењето на најголемиот отвор на блендата на фотоапаратот ќе овозможи максимално навлегување на светлина и ќе ви овозможи да ја зголемите брзината на блендата: „Сакам објективи со широк отвор на блендата, бидејќи ви требаат големи брзини на блендата за да ги замрзнете животните во движење" - вели Ossi.

6. Истакнете го објектот

За да го реализира својот препознатлив стил со широк отвор на блендата, со кој објектите што ги фотографира изгледаат неверојатно остри и изолирани од заднината, Ossi го користи режимот за приоритет на отвор на блендата (режим Av) и широк отвор на блендата. Исто така, тој ги обработува сликите по снимањето за да ги подобри: „Ја менувам светлината, контрастот и малку ги прилагодувам боите. Честопати се обидувам да го истакнам животното од заднината со тоа што ќе го осветлам животното или ќе ја затемнам заднината. Се трудам фотографиите да ми изгледаат колку што е можно пореалистично“.

Слични написи

Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.

Погледнете ги сите написи

Слични производи