ОПРЕМА

Како четири професионални фотографи и креатори на содржини постигнаа успех со EOS R-системот

Дали размислувате да преминете на Canon EOS R-системот? Четири професионалци споделуваат како технологијата им помогна да ги подобрат своите вештини и своите содржини.
Дрва опкружени со магла, над килим од папрати, снимени од Verity Milligan со Canon EOS R5 и објектив Canon RF 28-70mm F2L USM.

На многумина од денешните најпознати фотографи и креатори на содржини, надградбата на својата опрема со Canon EOS R-системот им го промени животот. Пуштена во продажба во 2018 година, палетата на RF-објективи и фотоапарати без огледало со EOS R-систем продолжува да се зголемува. Тоа значи дека во секое време може да најдете совршен модел за да направите надградба на својата опрема, почнувајќи од компактниот Canon EOS R100 со APS-C-сензор па сè до EOS R6 Mark II - хибриден и моќен фотоапарат со сензор за целосна слика.

Тука, четири професионални фотографи споделуваат како напредувале во своите кариери и како ги подобриле своите вештини со тоа што преминале на EOS R-системот. Секој од фотографите е уникатен и специјализира во различни области, но опремата со EOS R-систем нуди спој од технологија и практично користење и им ги нуди сите потребни функции за да напредуваат и да успеат.

Verity Milligan - фотографирање природа и пејзажи

Градот Бирмингем во Обединетото Кралство, фотографиран во самрак од Verity Milligan со Canon EOS R5 и објектив Canon RF 28-70mm F2L USM.

Фотографката за пејзажи Verity Milligan користела различни брендови на фотоапарати низ годините, но секогаш се враќала на Canon. „Ми се допаѓа како изгледаат RAW-сликите и перформансите на фотоапаратот во тешки услови, како на пример, кога мора да користам висока вредност за ISO“ - вели таа. Таа живее во Бирмингем во Обединетото Кралство и редовно го фотографира градот. „Омиленото време од денот за снимање градски сцени ми е самракот, веднаш по зајдисонцето“ - вели таа. Снимено со Canon EOS R5 и објектив Canon RF 28-70mm F2L USM со избрани 70 mm, 15 сек., f/11 и ISO 100. © Verity Milligan

Песочни дини во Ласкентајр на островот Харис во Шкотска фотографирани со трева осветлена од громовито небо, од страна на Verity Milligan со Canon EOS R5.

Во 2023 година, Verity помина еден месец на островот Харис во Шкотска. „Ова беше еден од првите денови кога се појави светлината“ - вели таа. „Бев на дините во Ласкентајр и контрастот помеѓу облаците и светлината што танцуваше по тревата создаде прекрасна сцена“. Фокусниот опсег од 28-70 mm ѝ стана омилен за фотографирање пејзажи. Снимено со Canon EOS R5 и објектив Canon RF 28-70mm F2L USM со избрани 28 mm, 0,4 сек., f/11 и ISO 320. © Verity Milligan

Verity Milligan од Обединетото Кралство е најпозната по фотографирање амбиентални пејзажи. По четири продуктивни години со својот Canon EOS 5D Mark IV, таа премина на EOS R-системот. „Поради достапните адаптери, изборот да преминам на EOS R5 беше очигледен“ - вели таа. „Автоматскиот фокус овозможува непречено поставување на фотоапаратот, независно каква е задачата за денот. Ова е особено важно за фотографирање луѓе. Режимот за AF со откривање и следење лица е еден од моите најомилени режими“.

Verity секогаш бара прекрасни кадри, а функцијата на EOS R5 што најмногу ја користи е LCD-екранот на допир со 2,1 милиони точки и променлив агол. „Можноста за вртење, ротирање или манипулација на екранот во секој агол што ми е потребен е неверојатно практична, и фактор што ми го подобри доживувањето при фотографирањето“ - вели таа.

Таа не одолеа ниту на изборот на RF-објективи. „Објективот што промени сè е Canon RF 28-70mm F2L USM. Фиксната решетка и можноста за фотографирање со f/2 низ целиот опсег практично ги заменија сите примарни објективи EF што ги имав“. Verity сега сака да го набави објективот Canon RF 70-200mm F2.8L IS USM. Освен тоа, со додавање на објективот Canon RF 15-35MM F2.8L IS USM во нејзината торба со опрема ќе може да го зголеми опсегот на фокусни должини во двете насоки.

Diana Millos - фотографирање мода и фотографирање при патувања

Автопортрет од фотографката за патувања Diana Millos, која позира во долг црвен фустан пред серија заоблени сводови, снимен со Canon EOS R10.

Креаторката на содржини за патувања, Diana Millos, често се појавува во нејзините фотографии за да ги исполни со реалистичност и вели дека екранот на допир со променлив агол на Canon EOS R10 ѝ помага да го обликува кадарот и да фотографира. „Користам статив и тајмер за интервали за да бидам сигурна дека кадарот е добар, а потоа брзо влегувам во кадарот пред фотоапаратот“ - вели таа. Снимено со Canon EOS R10 и објектив Canon RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM со избрани 18 mm, 1/100 сек., f/5,6 и ISO 100. © Diana Millos

Фотографија од две фламенко танчарки, со една рака подигната, а другата на колкот, позираат во двор со многу цвеќиња, снимена од Diana Millos со Canon EOS R10.

„И покрај тоа што го сакав претходниот фотоапарат, Canon EOS R-системот е огромна надградба и ми помага да ги добијам саканите снимки додека патувам“ - вели Diana. „Ги обожувам разновидните опции на Canon EOS R10, особено AF со откривање на очи - сега сите мои слики имаат совршен фокус“. Снимено со Canon EOS R10 и објектив Canon RF 35mm F1.8 MACRO IS STM со избрани 1/200 сек., f/1,8 и ISO 200. © Diana Millos

Diana Millos, која често патува и снима содржини од луксузни патувања, има потреба од пренослив фотоапарат. Таа премина на Canon EOS R10 во 2022 година поради неговата компактна големина и брз автоматски фокус. „Добивав одлични резултати со Canon EOS 7D Mark II, но не можев толку лесно и брзо да ги снимам сите фотографии со совршен фокус како со EOS R10“ - споделува таа. „Опседната сум со технологијата за откривање очи и веќе не можам да живеам без неа“.

EOS R10 располага со истиот систем Dual Pixel CMOS AF II како и повисоките класи на фотоапарати со EOS R-систем, како што е EOS R3. Фотоапаратот може да фокусира дури до -4 EV, што ѝ овозможува на Diana да снима остри слики при слаба светлина. „Кога снимате фотографии од изгрејсонце до зајдисонце и истражувате со часови, идеално е да имате лесна опрема“ - вели таа. „EOS R10 можам да го носам во рачна торба и ми овозможува да бидам дискретна, за луѓето да не приметат дека снимам неверојатни фотографии со толку мал фотоапарат“.

Diana сака да снима со широкоаголна перспектива и не беше потребно да ги менува своите EF-објективи кога ја надгради опремата. „Сè уште можам да ги користам моите објективи Canon EF 50mm f/1.8 STM и Canon EF-S 10-18mm f/4.5-5.6 IS STM со мојот EOS R10 преку адаптерот за монтирање објективи EF-EOS R од Canon, и тие функционираат совршено“ - вели таа. Ако барате RF-еквиваленти на овие објективи, тогаш може да изберете помеѓу Canon RF 50mm F1.8 STM и Canon RF-S 10-18mm F4.5-6.3 IS STM. Diana засега има само еден RF-објектив - стандардниот објектив Canon RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM - но користела и други RF-објективи додека патувала и фотографирала низ Севиља и вели дека ѝ се допаѓа колку се остри фотографиите.

EOS R10 може да проследува кон интернет во живо, особено на YouTube, а снимањето видеосодржини е уште еден начин на кој Diana го зголеми бројот на своите следбеници. „Ми овозможи да снимам во HD и во 4K со неверојатни резултати“ - вели таа. „Им го препорачувам на сите креатори на содржини. Следно сакам да го набавам Canon EOS R6 Mark II поради неговите перформанси за целосна слика“.

EOS R50 е уште една одлична опција ако сакате да снимате висококвалитетни видеозаписи за вашите социјални медиуми. Дознајте кои се најголемите разлики помеѓу EOS R50 и EOS R10 во нашиот практичен водич што ќе ви помогне да донесете правилна одлука.

Andres McNeill - улично и комерцијално фотографирање

Црква фотографирана во снег од Andres McNeill со Canon EOS R6.

„Моето омилено време за фотографирање е кога врне дожд, па затоа мора да имам фотоапарат што е отпорен на природните елементи“ - споделува уличниот фотограф Andres McNeill. Снимено со Canon EOS R6 и објектив Canon RF 24-105mm F4-7.1 IS STM со избрани 50 mm, 1/640 сек., f/7,1, ISO 400. © Andres McNeill

Автомобил, снимен од горната страна, како се движи по градска улица со високи згради од двете страни, во фотографија снимена од Andres McNeill со Canon EOS R8.

И Andres го користеше Canon EOS R8. „Не можев да поверувам колкави се димензиите во комбинација со објективот Canon RF 28mm F2.8 STM“ - вели тој. „Оваа комбинација е совршена за улично фотографирање, а ја користев и за фотографирање спортови со секвенцијалниот режим со 40 fps“. Снимено со Canon EOS R8 и објектив Canon RF 28mm F2.8 STM со избрани 1/2000 сек., f/2,8 и ISO 100. © Andres McNeill

Andres McNeill, кој живее во Глазгов во Шкотска, снима рекламни содржини, портрети и спортови, но сака и улично фотографирање при што користи прекрасна архитектура како заднина. Тој има драги спомени од фотографирање со стар Canon DSLR-фотоапарат од некој негов пријател и му се допаднале изгледот и начинот на користење на фотоапаратот. „Canon EOS 400D ми беше првиот фотоапарат, го носев секаде со мене и учев како да фотографирам“ - споделува тој. „Canon EOS M50 ми се допадна поради неговите уште помали димензии, одличен автоматски фокус и извонреден квалитет за снимање видео“.

Andres премина на Canon EOS R-системот кога одлучи да стане професионалец. Неговите Canon EOS R5 и Canon EOS R6 со сензор за целосна слика веднаш му овозможија да се фокусира на осветлувањето и кадарот. „Можноста за следење на очите и лицата на субјектите од другата страна на улицата е извонредно подобрување, бидејќи ми овозможува да се концентрирам на други аспекти на фотографирањето“ - вели тој. „Сигурниот автоматски фокус и големите брзини за секвенцијално фотографирање се задолжителни кога работите со професионални спортисти“.

И двата фотоапарати нудат вградена стабилизација на слика (IBIS) со 5 оски - со максимум 8 чекори ако користите компатибилни објективи - што му овозможува на Andres да работи во недоволно осветлени простории без статив. „Рачното улично фотографирање со помали брзини на блендата е неверојатно“ - вели тој.

Andres има по неколку објективи RF и EF, но полека преминува целосно на RF-модели. „Ми се допаѓаат малите димензии на објективот Canon RF 50mm F1.8 STM, бидејќи се совршени за улично фотографирање, а брзата решетка f/1,8 е одлична за ситуации со слаба осветленост, особено кога фотографирам во самрак или во текот на ноќта“ - објаснува тој. „Другиот објектив што го користам е Canon RF 24-105mm F4-7.1 IS STM, што е одличен објектив за секаква намена. Тој е многу практичен и има опсег од 24 mm па сè до 105 mm, што е особено добро за улично фотографирање, бидејќи не е лоша идеја да снимате широкоаголни слики, а потоа да ја зумирате истата сцена и да доловите поинаков изглед“. Исто така, Andres го користи и објективот Canon RF 100mm F2.8L MACRO IS USM, за кој вели дека нуди неверојатно остри резултати. „Ова ми е омилен објектив за фотографирање производи и професионални сесии во кои се потребни многу детали“ - додава тој.

Но, Andres вели дека најмногу го користи објективот Canon RF 24-70MM F2.8L IS USM. „Го користам за настани, свадби и улично фотографирање“ - вели тој. „Фокусниот опсег од 24-70 mm и брзата решетка f/2,8 се најдобра комбинација“.

Chris Priestley - комерцијално фотографирање

Жена потпрена до волан на автомобил во портрет за реклама, снимен од Chris Priestley со Canon EOS R5.

Високата резолуција од 45 MP на EOS R5 му овозможува на Chris да извлече максимален квалитет од своите RF-објективи. Снимено со EOS R5 од Canon и објектив RF 50mm F1.2L USM од Canon со избрани 1/320 сек., f/2,2 и ISO 125. © Chris Priestley

Човек скија по планина, зад него прска снег, доловен во фотографија снимена од Chris Priestley со Canon EOS R5.

Chris вели дека електронската бленда со брзина од 20 fps на Canon EOS R5 е извонредна за движења, како на пример, за фотографирањето на ова скијање за познат бренд за спортска опрема. „Знам дека ќе добијам избор од 20 до 30 висококвалитетни слики од една серија“ - вели тој. „Прилагодете ги поставките за автоматско фокусирање на EOS R5 за да добиете најдобри можни резултати“. Снимено со Canon EOS R5 и објектив Canon RF 70-200mm F2.8L IS USM со избрани 119 mm, 1/1250 сек., f/7,1 и ISO 125. © Chris Priestley

Режисерот, видеографот и фотографот Chris Priestley од Лондон снима висококвалитетни содржини за социјалните медиуми и брендови низ целиот свет. Тој постојано ги подобрува своите содржини и ја надградува својата опрема за фотографирање. „Мојата опрема ми помага да добијам високобуџетни резултати“ - вели тој.

Како што напредувала кариерата на Chris, така се зголемувале и потребите на неговите клиенти. „Постојано бараа од мене да снимам 4K-видеозаписи и слики со повисок квалитет за печатење откако EOS R5 беше пуштен во продажба“ - вели тој, „што значи дека дојде совршен момент за надградба на опремата“.

Тој често снима фотографии и видеозаписи наизменично, а хибридниот EOS R5 нуди ненадминати перформанси и во двете категории. „EOS R5 може да снима со резолуција до 8K 30p - сè уште немам потреба да ја користам таа резолуција, но затоа редовно ја користам резолуцијата 4K 120p во формат за целосна слика“ - вели тој.

Сензорот со 45 MP на EOS R5 нуди огромни придобивки и е двојно поголем од сензорот на неговиот претходен DSLR-фотоапарат. „Во ситуации кога не можам да го контролирам субјектот, не секогаш имам можност да го обликувам кадарот совршено“ - продолжува тој. „Поголемата резолуција ми овозможува да го прилагодам кадарот на моите снимки при обработката по снимањето и да испорачам висококвалитетни слики“.

Направете го следниот чекор во вашата фотографска авантура

Canon EOS R-системот за многумина одново го дефинираше значењето да се биде фотограф и креатор на содржини. Нудејќи достапни модели за почетници па сè до моќни уреди од висока класа, како и оптика што е водечка во индустријата, системот може да напредува паралелно со вас - независно дали за прв пат снимате видеоблогови или се обидувате да влезете во светот за професионално фотографирање и барате објектив за постојана употреба.

Lauren Scott

Слични производи

  • Фотоапарати без огледало

    EOS R10

    Преземете ги следните чекори во фотографирањето и снимањето со фотоапаратот без огледало EOS R што е дизајниран со сензор со големина APS-C.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R8

    Преминете на фотографии и видеозаписи во формат за целосна слика и остварете ги вашите креативни амбиции.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R6

    Без разлика што фотографирате и како фотографирате, EOS R6 ќе ви овозможи да бидете креативни на начини што никогаш досега не сте знаеле дека постојат.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R5

    Променете ја вашата перспектива за фотоапаратите без огледало. Беспрекорните перформанси на EOS R5 ќе го подобрат начинот на кој фотографирате и снимате.
  • ОБЈЕКТИВИ ОД CANON

    RF 28mm F2.8 STM

    Тенок и лесен објектив во вид на „палачинка“ за фотографирање при патувања и улично фотографирање, со повеќенаменска фокусна должина од 28 mm и брза максимална решетка f/2,8.
  • Објективи за EOS R

    RF 28-70mm F2L USM

    Извонредно брзиот и светол објектив f/2 од 28-70 mm од серијата L дава одлични резултати дури и при слаба осветленост.
  • Објективи RF

    RF 24-105mm F4-7.1 IS STM

    Идеален објектив за секојдневна употреба за фотоапарати за целосна слика без огледало наменет за ентузијасти. Практичниот објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM е лесен, компактен и подготвен да го однесе вашето фотографирање на повисоко ниво.
  • Стандарден објектив

    RF 50mm F1.8 STM

    Компактен, тивок и лесен примарен RF-објектив од 50 mm, со широка решетка од f/1,8, што е совршен за реализирање на вашата креативна замисла.
  • Објективи RF

    RF 70-200mm F2.8L IS USM

    RF 70-200mm F2.8L IS USM е неопходен објектив од професионалното трио на објективи за зумирање и претставува совршен придружник за вести, спорт и патувања.

Слични статии

  • УЛИЧНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

    Предизвик за објектив за улично фотографирање

    Зошто Canon RF 28mm F2.8 STM е суштински елемент на торба со опрема за улични фотографи.

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ПРИ ПАТУВАЊА

    Обиколка на Севиља со EOS R10

    Блогерката Diana Millos открива зошто овој креативен фотоапарат е совршен придружник за патување.

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ПЕЈЗАЖИ

    Предизвик за фотографирање со објектив за пејзажи

    Професионалната фотографка Verity Milligan го споделува своето искуство во фотографирањето креативни пејзажи со два лесни објективи.

  • ПАТУВАЊЕ

    Совршен придружник за патувањата

    Професионалниот фотограф Martin Bissig патува до Шри Ланка со EOS R10.