Ако имате слика или дизајн што ви се допаѓа, лесно ќе можете да го нанесете врз маичка, торба, перниче или каков било друг текстилен материјал со помош на хартиите од Canon за пренос на слики врз материјали со пеглање и компатибилен печатач PIXMA од Canon. Дали сте дел од спортски тим или сакате да отпечатите приспособена облека за одреден настан? Можеби сакате да изработите приспособени подароци за вашите пријатели или, пак, да направите ѕидни уметнички дела од текстил? Сè што ќе замислите ќе можете да го изработите. А ако ви требаат идеи, Creative Park ќе ви понуди многубројни возбудливи дизајни што ќе можете да ги преземете бесплатно.
Хартијата за пренос на слики врз материјали со пеглање е многу едноставна за употреба и брзо ќе се уверите дека многу работи изгледаат поубаво ако малку ги приспособите.
Хартиите од Canon за пренос на слики врз материјали со пеглање се достапни во A4-големина за да можете да изработувате големи дизајни. Ако вашите слики се помали, тогаш може да ставите повеќе слики во истиот документ распоредени како плочки за да можете најефикасно да ја искористите хартијата за пренос. Штом го подготвите вашиот дизајн, извршете ги овие едноставни чекори:
Изберете соодветна хартија за пренос. Достапни се две верзии, една за светли материјали и една за темни материјали, што значи дека независно дали ќе го префрлите вашиот дизајн врз темни завеси, светло перниче, тексас јакна или бела маичка, боите ќе изгледаат одлично и ќе бидат светли. И двете верзии најдобро се употребуваат врз природни материјали како памук.